Swatch создава револуција: Нова лимитирана серија на часовници - Swatch Flymagic
Почетна » Новости » Занимливости » Swatch создава револуција: Нова лимитирана серија на часовници - Swatch Flymagic

Swatch создава револуција: Нова лимитирана серија на часовници - Swatch Flymagic

Вљубениците во часовничарството имаа ексклузивна можност да се запознаат со револуционерната лимитирана серија на часовници - Swatch Flymagic

Вљубениците во часовничарството имаа ексклузивна можност да се запознаат со револуционерната лимитирана серија на часовници - Swatch Flymagic

Секој ден секој од нас има право да избере, дали ќе продолжи да ги врти стрелките на стариот механизам и ќе ја прифати рутината или пак ќе се охрабри да направи нешто ново и различно за да ја победи рутината и да го поттикне концептот на револуција, на континуирани промени кои не издигнуваат на следно ниво и не тера постојано да се надградуваме во подобрата верзија од себе.

Swatch Flymagic

Токму тоа го направи Swatch so својата FLYMAGIC линија, превртувајќи го светот на часовниците наопаку и повторно предизвикувајќи револуција. А Swatch не би бил Swatch ако не ја предводи играта.

Пасионираните љубители на часовници во Македонија имаа ексклузивна можност да погледнат примероци од лимитираната серија на FLYMAGIC часовници, во три различни модели секој во лимитирана серија од по 500 парчиња вкупно на ниво на цел свет и одблиску да се запознаат со овој револуционерен новитет во светот на часовниците, во салонот на „Божиновски часовници и накит“ компанијата застапник на швајцарскиот бренд.

Swatch Flymagic Swatch Flymagic Swatch Flymagic

„Особена чест ни е што Македонија доби можност одблиску да биде дел од оваа револуција и таа радост сакавме лично да ја споделиме со јавноста и со сите пасионирани вљубеници во часовниците. Револуцинерната парамагнетна балансна пружина претставува врвно остварување во часовничарството со еден револуционерен детал и премиерна изведба на вакво нешто кај SWATCH часовник. Има и уште една SWATCH новина во овој часовник, стрелката за секундите врти наназад, што дополнително му дава револуционерен дух на овој модел“ - изјавија од „Божиновски часовници и накит“

Swatch Flymagic Swatch Flymagic Swatch Flymagic Swatch Flymagic Swatch Flymagic

Дополнително од компанијата објаснуваат дека SWATCH FLYMAGIC е прв модел во кој се интегрира Nivachron балансната пружина, направена од ново иновирани материјали на титаниумска база со извонредни парамагнетски карактеристики.

„Магнетските полиња во нашата околина имаат негативен ефект на движењето на механичките часовници. Nivachron балансната пружина ги намалува влијанијата од магнетските полиња со фактор над 10, во зависност од типот на движење. Оваа 100% швајцарска компонета нуди исто така ефективна отпорност на температурни промени и одлична отпорност на удар, придонесувајки до постигнување на значително подобрување на хронометриските перформанси“ - објаснуваат од застапникот на SWATCH во Македонија.

Дополнително од SWATCH групацијата информираат дека во иднина сите SYSTEM 51 модели ќе ја имаат оваа пружина вклучена во себе. SWATCH FLYMAGIC дебитира со три различни модели секој во лимитирана серија од по 500 парчиња. 45мм куќишта од нерѓосувачки челик со можност да се гледа движечкиот механизам низ антирефлексно сафирно кристално стакло. Сите модели доаѓаат со едно гумено и две кожни ремчиња.

Сублимирано Swatch направи уште еден шах мат потег во часовничарската индустрија и повторно служи како инспирација дека шаблонот и дефинициите постојат само за да поттикнат револуција.

Swatch Flymagic Swatch Flymagic Swatch Flymagic Swatch Flymagic Swatch Flymagic Swatch Flymagic Swatch Flymagic Swatch Flymagic Swatch Flymagic Swatch Flymagic Swatch Flymagic Swatch Flymagic Swatch Flymagic

Комерцијален текст

Анкета

Анкета
Каде ќе одите/бевте на одмор ова лето?
  • 25%
  • 6%
  • 5%
  • 6%
  • 3%
  • 3%
  • 11%
  • 12%
  • 27%
Се испраќа...

(Вкупно: 6025 гласа)

Цитат

Не патуваме за да избегаме од животот, туку за животот да не ни избега нам.

Анонимен

Виц

Мажите со брада во 1819 година:

- Ќе ја убијам оваа мечка со голи раце!!!

Мажите со брада во 2019 година:

- Органски ли е овој крем за раце?