Small piece of joy: Македонка освојува со уникатни рачни изработки
Почетна » Новости » Занимливости » Small piece of joy: Македонка освојува со уникатни рачни изработки

Small piece of joy: Македонка освојува со уникатни рачни изработки

Кожени брошови во форма на цвет, футроли од кожа, живописни лепези, накит од керамика и неповторливи марами од свила се меѓу шармантните предмети кои ги создава Елеонора Дуљанова. Креативка, по струка историчар на уметност, која се занимава со применета уметност повеќе од две децении.

Small piece of joy Small piece of joy

Секогаш љубопитна и неуморна, со желба да испробува нешто ново, да експериментира со материјали и форми, Елеонора создава дела кои ги краси разиграност, колоритност и топлина. Уникатни рачни изработки направени од природни материјали, за кои е потребно многу трпение и време. Секое парче е рачно изработено со специјални бои, а истовремено е посебно и различно од сè друго претходно создадено.

Сите дела ги креира под брендот Small piece of joy на чија Facebook страна може да се погледнат различни уметнички дела.

Small piece of joy Small piece of joy

„За да направам еден брош во форма на цвет од роза понекогаш ми треба повеќе од половина ден, бидејќи секој слој го сликам посебно, има многу детали на цветовите, потоа чекам да се исуши па ја фиксирам, па обликување, а сето тоа по претходно дефиниран дизајн и посакуван концепт” - вели таа.

Small piece of joy Small piece of joy

Една од ретките во Македонија што се занимава со изработка на марами од свила повеќе од 15 години, а истовремено работи и со керамика која ја пече во студиото на Тања-Керакамика кафе во Ѓорче. Пред 20 години посетувала курсеви и колеџ за дизајн на керамика во близина на Брајтон и Лондон и има учествувано на многу саеми за рачно изработени производи.

Small piece of joy Small piece of joy Small piece of joy Small piece of joy Small piece of joy

Small piece of joy - уникатните рачно изработени уметнички дела се наменети за сите храбри жени кои сакаат да бидат посебни и свои. Кои ценат уникатни уметнички дела, и сакаат да ја покажат својата индивидуалност и убавина.

Анкета

Анкета
Каде планирате да одите на одмор летово?
  • 41%
  • 14%
  • 26%
  • 20%
Се испраќа...

(Вкупно: 6290 гласа)

Цитат

Некои од најдобрите спомени се создадени во апостолки.

Кели Елмор

Виц

Крем со колкав фактор?

- Со 20.

Доволно ќе ви е?

- Ако згрешам, нека изгорам.