„Музиката e сѐ што правам“: Васил Гарванлиев и официјално ќе ја претставува Македонија на Евровизија 2020
Почетна » Новости » Занимливости » „Музиката e сѐ што правам“: Васил Гарванлиев и официјално ќе ја претставува Македонија на Евровизија 2020

„Музиката e сѐ што правам“: Васил Гарванлиев и официјално ќе ја претставува Македонија на Евровизија 2020

Васил Гарванлиев ќе биде нашиот претставник на Евровизија 2020.

Македонскиот пејач, кој гради и интернационална кариера, ќе пее на евровизиската сцена во Ротердам, Холандија.

Гарванлиев ја објави веста со порака на социјалните мрежи:

Васил Гарванлиев

Оваа година не можеше да ми започне со поубава вест.

Почитувани пријатели, соработници и поддржувачи на мојата музика со особена чест (и многу возбуда) сакам ве известам дека оваа година ја имам можноста, задоволството, и одговорноста да ја претставувам нашата земја на најголемиот музички фестивал - Евросонг во Ротердам.

Оттука, сакам да се заблагодарам на целиот тим од МРТВ кој ме изгласа и одлучи да ми ја даде довербата токму јас да ја имам оваа чест но и одговорност истовремено.

Од кога паметам за себе, музиката e сѐ што правам, за што постојам, а многу често беше и е единствената светла точка во мојот живот. И покрај тоа што имам долгогодишно искуство на меѓународни сцени свесен сум за предизвикот и одговорноста што претстојат за време на овој глобален настан, особено после успешниот пласман со Тамара минатата година. Сакам накратко да се oбратам на сите тие кои сонуваат и не се откажуваат од нивните амбиции. Патеката не секогаш е лесна, но еден ден секој чекор изоден напред со вложен труд и искрена љубов кон тоа што го правите ќе вроди со плод. Не се откажувајте никогаш!

Од сѐ срце благодарам на моето семејство и на моите соработници кој ме поддржуваат уште од самиот почеток, па дури и тогаш кога моите идеи им звучеа луди и апсурдни. ВЕ САКАМ!

Драги мои, подготвен сум за ова ново „патување“ со отворено срце и искрена приказна, овој пат ветувам дека ќе дадам сѐ од себе за мојата татковина, за сите нас!!! Се гледаме во Ротердам.

Ова не е прв настап на Гарванлиев на големото музичко натпреварување. Музичарот, којшто многумина го помнат по песната „Марионка“, минатата година ѝ беше придружен вокал на Тамара Тодевска.

Васил Гарванлиев

Анкета

Анкета
Каде планирате да одите на одмор летово?
  • 38%
  • 17%
  • 25%
  • 20%
Се испраќа...

(Вкупно: 3559 гласа)

Цитат

Некои од најдобрите спомени се создадени во апостолки.

Кели Елмор

Виц

Крем со колкав фактор?

- Со 20.

Доволно ќе ви е?

- Ако згрешам, нека изгорам.