Instagram ѕвезда им возврати на оние кои коментираат дека е „преслаба“ и „грозна“
Почетна » Новости » Занимливости » Instagram ѕвезда им возврати на оние кои коментираат дека е „преслаба“ и „грозна“

Instagram ѕвезда им возврати на оние кои коментираат дека е „преслаба“ и „грозна“

Сиана Елизе Ерп е блогерка со речиси еден милион следбеници на Instagram. Нејзините фотографии наидуваат на многу комплименти, но не се малку и коментарите како „преслаба си“, „оди јади сендвич или два“, „грозна си“.

Сиана Елизе Ерп Сиана Елизе Ерп

20-годишната девојка, која отсекогаш имала слаба фигура, со краток текст им возврати на сите кои без воздржување критикуваат, понекогаш и со многу навредливи зборови.

„Јас сум многу повеќе од тело – го знам тоа. Не сум дефинирана од бројки или од мислењето на други луѓе за мене. А телото што го имам, колку и да е несовршено или „слабо“ или „грозно“ како што мислат луѓето, тоа е МОЕ несовршено тело. И јас сум среќна со него, и покрај туѓите нерелевантни мислења. Моето несовршено тело ми помага да се движам, да патувам, да истражувам, да играм и дури и да ги гушкам луѓето... Според мене, тоа го прави убаво. Моето тело е природно. Не гледаме на пејзаж, критикувајќи ја формата на долините или големината на планините, зарем не? Па, зошто толку брзо скокаме да ги осудуваме другите природни нешта како човечката фигура?“ – пишува таа, дополнувајќи дека станала имуна на негативноста кои некои лица ја шират онлајн.

Сиана Елизе Ерп Сиана Елизе Ерп

Сиана редовно вежба јога. „Нема да се срамам од своето тело зашто други луѓе не сметаат дека е привлечно или нормално“ – дополнува таа и вели дека ги брише лошите коментари, бидејќи целта ѝ е нејзиниот профил да биде место за ширење на љубов, охрабрување и позитивност.

Кога имала 20 години Сиана била во депресија, дури и се обидела да си го одземе животот. Но, потоа се изборила да се ослободи од мрачните мисли, научила да го цени повеќе она што го има и да гледа на животот од посветлата страна.

Профилот на флексибилната Австралијка е исполнет со фотографии од прекрасни егзотични локации низ целиот свет.

Сиана Елизе Ерп Сиана Елизе Ерп Сиана Елизе Ерп Сиана Елизе Ерп Сиана Елизе Ерп Сиана Елизе Ерп Сиана Елизе Ерп Сиана Елизе Ерп Сиана Елизе Ерп Сиана Елизе Ерп Сиана Елизе Ерп Сиана Елизе Ерп Сиана Елизе Ерп Сиана Елизе Ерп Сиана Елизе Ерп Сиана Елизе Ерп Сиана Елизе Ерп

На социјалните мрежи сè почесто стануваат хит жени и девојки кои им се спротивставуваат на лицата кои стрелаат со остри зборови за нивните фигури.

Анкета

Анкета
Дали редовно си правите самопреглед на дојките?
  • 26%
  • 74%
Се испраќа...

(Вкупно: 3739 гласа)

Цитат

Не патуваме за да избегаме од животот, туку за животот да не ни избега нам.

Анонимен

Виц

Мажите со брада во 1819 година:

- Ќе ја убијам оваа мечка со голи раце!!!

Мажите со брада во 2019 година:

- Органски ли е овој крем за раце?