„Instagram може да нè измами“: Мисицата Оливија Кулпо се отвори за борбата со депресијата
Почетна » Новости » Занимливости » „Instagram може да нè измами“: Мисицата Оливија Кулпо се отвори за борбата со депресијата

„Instagram може да нè измами“: Мисицата Оливија Кулпо се отвори за борбата со депресијата

Оливија Кулпо се отвори за борбата со депресијата и сподели фотографии „пред и потоа“ кои прикажуваат како влошеното ментално здравје се одрази на нејзиниот физички изглед.

27-годишниот модел, кој ја освои титулата Мис Универзум 2012, во објава на Instagram призна дека пред неколку месеци минувала низ тешка ситуација, која ја уништила ментално и духовно. Таа пиела алкохол, пушела цигари и гладувала, што се одразило и на нејзиниот изглед.

Но, тоа не ја спречило да создава и објавува совршени фотографии на социјалните мрежи. Поради тоа, таа тврди дека Instagram ја прикажува само најубавата страна на корисниците и не ја одразува реалноста.

Целта на Кулпо е да им помогне на луѓето кои минуваат низ тежок период, давајќи им до знаење дека никој не е совршен и дека секој минува низ подеми и падови.

Гледајќи ја разликата помеѓу овие две фотографии денес, помислив дека е многу важно да споделам нешто со сите вас. Втората фотографија е од пред неколку месеци: Бев во депресија. Немав апетит, многу пиев, пушев, не можев да спијам и не можев да јадам. Но, продолжував да снимам фотографии за на социјалните мрежи и да се преправам дека сè е супер. Поминував низ тешка ситуација која ме уништи ментално, емотивно и духовно, и се одрази на мојот физички изглед. Очајот е чувство со кое многумина можат да се поврзат, па чувствувам одговорност кон сите други кои минуваат низ нешто тешко да им кажам дека е во ред да не бидеш во ред.

Оливија Кулпо

Првата фотографија е од пред неколку дена и изгледам многу поздраво. Ми се врати апетитот и се однесувам правилно кон моето тело. На сите ни е познато дека Instagram ги прикажува само најубавите моменти, па јас сакав да ви ја покажам РЕАЛНОСТА и да ви кажам дека не е секогаш толку неверојатна како што изгледа.

Оливија Кулпо

Ова го споделувам: 1. Поради тоа што сакам да го истакнам она што сите веќе го знаеме: Дека Instagram е најдобрата верзија на сите нас и на нашиот живот. Тој може да нè измами да си мислиме дека сè е совршено во животот на другите. Тоа НЕ Е точно. Ние сите сме многу послични отколку што си мислиме и пловиме низ животот со слични подеми и падови; лоши и добри времиња. Никогаш не можеме да знаеме низ што минуваат другите, па не е фер да се споредуваме и да осудуваме.

2. Се надевам дека ќе им помогне на другите кои можеби минуваат низ тежок период и чувствуваат дека мора да „држат сè под контрола“. Социјалните мрежи можат да создадат огромен притисок да живеете по идеалистички стандарди за „совршенство“ (кое очигледно не постои!).

Тешките моменти се случуваат и најважното е да правите еден чекор по друг, знаејќи дека моментот ќе помине и да бидете трпеливи кон себе. Ниту еден филтер нема да ве оттргне од нормалните подеми и падови на животот, кои сите ние ги имаме. Нашите несовршености/тешкотии ни овозможуваат да се поврземе, да патуваме низ животот заедно. Мислам дека колку повеќе сфаќаме дека тоа нè поврзува, толку полесно и повредно ќе биде нашето животно патување. Ве сакам!!!

Оливија е Instagram ѕвезда со повеќе од 4 милиони обожаватели.

Анкета

Анкета
Каде ќе одите/бевте на одмор ова лето?
  • 25%
  • 6%
  • 5%
  • 6%
  • 3%
  • 3%
  • 11%
  • 12%
  • 27%
Се испраќа...

(Вкупно: 6025 гласа)

Цитат

Не патуваме за да избегаме од животот, туку за животот да не ни избега нам.

Анонимен

Виц

Мажите со брада во 1819 година:

- Ќе ја убијам оваа мечка со голи раце!!!

Мажите со брада во 2019 година:

- Органски ли е овој крем за раце?