Eucerin DermoPurifyer за чистење и нега на кожа со акни
Почетна » Новости » Занимливости » Eucerin DermoPurifyer за чистење и нега на кожа со акни

Eucerin DermoPurifyer за чистење и нега на кожа со акни

Акните се едeн од најчестите проблеми на кожата кои се јавуваат кај 80% од адолесцентите, најчесто на возраст од 12 до 30 години. Првите промени се јавуваат во пубертетот, се манифестираат како црни или бели комедони, а најчесто се засегнати лицето (T-зоната), грбот и деколтето. На комедоните понатаму може да се развие воспаление, односно папула (бубулица) или пустула (гнојаница). Пациентот треба да има трпение, бидејќи лекувањето може да потрае и неколку месеци. Во одредени состојби кога има хормонален дисбаланс мора да има комуникација дерматолог – ендокринолог - гинеколог.

Eucerin

Добри резултати и задоволен пациент се добиваат со поставување на точна дијагноза и препорака за користење на соодветни препарати, кои ќе овозможат намалување на акните и подобрување на изгледот на кожата.

Eucerin® DermoPURIFYER дава одлични решенија за правилно чистење и нега на кожа со акни. Се намалува замастувањето, се смирува воспалителниот процес и иритациите на кожата, се регулира размножувањето на бактериите одговорни за промените на кожата, а комедоните полека се топат и ги ослободуваат изводните канали на лојните жлезди. Благодарение на уникатниот липозомен систем, млечната киселина делува директно на местото каде што е проблемот, а околната здрава кожа е заштитена. Тоа овозможува производите на Eucerin® DermoPurifyer да може да се користат во текот на целата година и слободно да се комбинираат со лековите од фармацијата, со цел побрз резултат во третман на акните.

Серијата DermoPURIFYER се состои од гел за миење на лице, тоник и пилинг за хигиена на масна кожа, производи за нега - матирачки хидратантен крем за нетретирана масна кожа, интензивен хидратантен крем со SPF 30 за нега на третирана и дехидрирана масна кожа, активен ноќен крем, стик-коректор и концентрат кој го засилува ефектот на кремите.

Eucerin

Со индивидуален пристап кон пациентите и правилна препорака за користење на производите на Eucerin® DermoPurifyer, се добиваат позитивни резултати во лекување на акните и пред сѐ задоволни пациенти.

Eucerin

Комерцијален текст

Анкета

Анкета
Сметате ли дека е добра мерката за задолжително носење на заштитна опрема на лицето (маска, шал)?
  • 65%
  • 35%
Се испраќа...

(Вкупно: 6809 гласа)

Цитат

Можеш да ги исечеш сите цвеќиња, но не можеш да ја спречиш пролетта да дојде.

Пабло Неруда

Виц

Се качувам на вага по завршувањето на карантинот.

Вагата покажува: „Ве молам почитувајте социјално дистанцирање. Качувајте се еден по еден!“