• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Занимливости

„Daikin“ донираше прочистувачи на воздух на градинки во Скопје, Гостивар и на клиничката болница во Тетово

19 декември 2018, 10:32
  • cподели

Следејќи ја мисијата да им овозможи поздраво и побезгрижно детство на најмладите, компанијата за производство на греење, вентилација и климатизација „Daikin“ донираше прочистувачи на воздух во три градинки во Скопје, Гостивар и во клиничата болницата во Тетово. Избрани според нивото на загаденост на воздухот во реонот каде се лоцирани, прочистувачи добија „Кочо Рацин“ и „Мајски цвет“ во Скопје, „Детска Радост“ во Гостивар и болницата во Тетово одделот за гинекологија и акушерство.

Daikin донација Daikin донација Daikin донација

- Селекцијата на градинките ја направивме според извештаи кои ги добивме од општините за тоа кои делови од овие градови се најзагадени. Планираме да продолжиме со слични активности имајќи предвид дека состојбата со загадувањето е аларматна, а нашата компанија се грижи за здравјето на луѓето, особено на најранливата категорија, децата – велат од менаџерскиот тим на „Daikin“.

Општествената одговорност и грижата за локалната заедница е длабоко втемелена во компаниската практика, а активностите се одвиваат во рамки на добротворната кампања „за живот“ (Daikin for life) која се реализира низ цела Европа. Ова не е прва донација на компанијата во земјава и регионот.

Daikin донација Daikin донација Daikin донација

- Минатата година го опремивме одделот за гинекологија и акушерство во болницата во Гостивар со седум клима уреди, кои се поставени во собите каде што се сместени мајките и бебињата. „Daikin“ во Македонија е претставник за брендот и во Албанија и во Косово, така што и таму имавме успешни акции. Во 2016 година, во Тирана дониравме средства за проект кој го реализираше UNDP, а стануваше збор за изградба на специјален парк за деца со попреченост – велат од компанијата.

Татковина на „Daikin“ е Јапонија каде што почнува целата приказна, а во моментов брендот е познат по врвниот квалитет по пристапни цени. Daikin Central Europe, чиј дел е Македонија, поседува моќна мрежа од 17 ќерки фирми, четири продажни канцеларии и огромна мрежа независни дистрибутери и контакти за продажба во повеќе од 50 држави низ Европа, Средниот Исток и Африка.

Daikin донација Daikin донација Daikin донација Daikin донација Daikin донација Daikin донација Daikin донација
Tags
Daikin

Најнови

  • Емакуате Вандера Блажески

    „Во Кенија се слави Божиќ со заеднички собири на многу сонце, во Македонија е поинтимен и семеен“: Празнично со Ем Вандера Блажески

    Wed, 01/07/2026 - 17:22
  • Отец Михаил

    „Божиќ нè потсетува дека домот е храм на љубовта… Добрината носи радост, а простувањето ја обновува душата“: Отец Михаил за духовната смисла на Божиќ

    Wed, 01/07/2026 - 00:30
  • Бадник и Божиќ во семејството на Нина и Борко Ристовски

    „Децата ги причестуваме, а божиќното утро е најубавото и прво одиме во црква“: Нина за Бадник и Божиќ во семејството Ристовски

    Tue, 01/06/2026 - 16:00
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.