AVON True – нова козметичка линија која ги исполнува ветувањата
Почетна » Новости » Занимливости » AVON True – нова козметичка линија која ги исполнува ветувањата

AVON True – нова козметичка линија која ги исполнува ветувањата

Балансирањето на успешна кариера, семејни обврски и дружби со пријателите може да претставува вистински предизвик, поради што Avon ја лансира True - нова линија производи која што на жените, и покрај недостатокот од слободно време, ќе им овозможи секогаш да изгледаат и да се чувствуваат одлично. Линијата True содржи сѐ што е потребно за да се постигне негуван и софистициран изглед што ќе трае во текот на целиот ден. Составот на производите True е проверен и овозможува квалитет на кој може да му се верува.

AVON True

Новата линија е наменета за жените кои што сакаат да ја истакнат својата природна убавина и без многу труд да постигнат класичен изглед што секогаш ќе биде во тренд. Основата на елегантната и вонвременска шминка секако се негуваните усни во богати нијанси и долгите трепки, кои секоjа жена може лесно да ги добие со помош на новиот хранлив кармин од палетата True Colour Supreme, како и со маскарата True Colour Supreme Length. Маслото од јојоба, медот и восокот од пчела што кармините ги содржат обезбедуваат ефект 3 во 1 на усните - изедначена и богата боја, нега и длабинска хидратација која трае и до 24 часа. Благодарение на аргановото и кокосовото масло, како и на витаминот Е, по користењето на True Colour Supreme Length маскарата, трепките се нахранети, без грутки и размачкување.

Avon на жените им овозможува да бидат најдобрата верзија од себеси со помош на True производите, а меѓу нив се пудрите, коректорите, моливите за очи и нежните лакови за нокти, на кои што можат да се потпрат во секој миг. True означува искреност, а ова е линија производи што исполнува ветувања.

AVON True

Истражувањето на пазарот со козметички производи, што во текот на 2016 година, го спроведе Euromonitor International Limited покажа дека Avon е бренд број 1во категоријата производи за шминкање во Централна и Источна Европа. Како компанија што со децении ги охрабрува жените да ги остварат своите соништа и на приватен и на професионален план, Avon стреми кон постојани иновации кои што подобро ќе ги задоволат потребите на потрошувачите.

*Извор: Euromonitor International Limited, истражување на пазарот со козметички производи, издание 2016; според дефинициите за категоријата на производи за шминкање; вредносна малопродажба, бренд име, податоци за 2015 година.

Промотивен текст

Анкета

Анкета
Каде ќе одите/бевте на одмор ова лето?
  • 25%
  • 6%
  • 5%
  • 6%
  • 3%
  • 3%
  • 11%
  • 13%
  • 28%
Се испраќа...

(Вкупно: 4930 гласа)

Цитат

Не патуваме за да избегаме од животот, туку за животот да не ни избега нам.

Анонимен

Виц

Мажите со брада во 1819 година:

- Ќе ја убијам оваа мечка со голи раце!!!

Мажите со брада во 2019 година:

- Органски ли е овој крем за раце?