9-годишно момче пресоздава филмски сцени за да собере пари за деца болни од рак
Почетна » Новости » Занимливости » 9-годишно момче пресоздава филмски сцени за да собере пари за деца болни од рак

9-годишно момче пресоздава филмски сцени за да собере пари за деца болни од рак

Џек Чрчман е мало момче со огромно срце. 9-годишното момче планира да ја донира долгата коса, а и пресоздава познати филмски сцени за да собере пари за дечиња болни од рак.

Џек Чрчман Џек Чрчман Џек Чрчман

Инспиративното момче ја започнало својата мисија поттикнато од дечиња кои страдале од рак, а кои учеле заедно со неговата сестра. Џек решил да не си ја потстрижува косата во 2013 година, но набрзо кај него се родила желба да направи нешто повеќе.

„Деца во одделението на сестра ми имаа рак и јас сакав навистина, навистина да им помогнам“ – рекол Џек.

„Тој одлучи да собере пари зашто во одделението на мојата најмала ќерка имаше деца болни од рак и ние бевме сведоци на тешкотиите низ кои поминуваа како семејства. Џек праша дали може да направи нешто и така дојде до оваа идеја“ – рекла мајката на Џек, Сузан.

Џек Чрчман Џек Чрчман Џек Чрчман Џек Чрчман

Со помош на мајка си, Џек започнал да пресоздава филмски сцени. Досега тие имаат пресоздадено 90 сцени и собрано речиси 4.500 долари. „Нашиот прв план беше да собереме 500 долари, што го постигнавме за 3 дена. Сега целта ни е да собереме 5.000 долари“ – рекла Сузан.

Џек, кој сонува да стане фудбалер или полицаец кога ќе порасне, вели дека не очекувал да собере толку многу пари, но дека сега се чувствува прекрасно. „Мислам дека ќе продолжам со добротворната работа, обожавам да им помагам на луѓето и тоа прави да се чувствувам прекрасно внатрешно“ – вели Џек.

Малото момче продолжило да ја расте косата и покрај што било исмејувано и ќе ја донира на 23 декември. „На почетокот го задеваа многу, но тоа не го разубеди“ – рекла Сузан.

Џек Чрчман Џек Чрчман Џек Чрчман Џек Чрчман Џек Чрчман Џек Чрчман Џек Чрчман Џек Чрчман Џек Чрчман Џек Чрчман Џек Чрчман Џек Чрчман Џек Чрчман Џек Чрчман Џек Чрчман Џек Чрчман Џек Чрчман Џек Чрчман Џек Чрчман Џек Чрчман Џек Чрчман Џек Чрчман Џек Чрчман Џек Чрчман Џек Чрчман

Анкета

Анкета
Каков е вашиот став за вакцина против КОВИД-19?
  • 16%
  • 20%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 11030 гласа)

Цитат

Некои од најдобрите спомени се создадени во апостолки.

Кели Елмор

Виц

Крем со колкав фактор?

- Со 20.

Доволно ќе ви е?

- Ако згрешам, нека изгорам.