87 години заедно! 5 совети од парот со најдолг брак на светот
Почетна » Новости » Занимливости » 87 години заедно! 5 совети од парот со најдолг брак на светот

87 години заедно! 5 совети од парот со најдолг брак на светот

Ретки се паровите кои успеваат да ја прослават својата дијамантска свадба, а уште поретки тие кои успеале да прослават 80 години брак со голема насмевка на лицето и љубовна искра во очите.

107-годишниот Карам и 100-годишната Картари се среќниците кои имаат зад себе 87 години брачен живот и голема љубов еден за друг. Тие имаат 8 деца и 28 внуци, а најверојатно ќе го добијат и Гинисовиот рекорд за најдолг брак.

Карам и КартариКарам и Картари

Среќните сопружници велат дека тајната на нивниот брак е тоа што многу се грижат еден за друг. „Мојот трик е да правам Картари да се смее. Сакам да кажувам шеги и да ја развеселувам. Да сум забавен е мојот начин да сум романтичен. Ми имаат кажано дека смеењето го продолжува животот... мојата сопруга е сè уште жива, па тоа мора да е вистина! Ја сакам многу и сакам да поминам уште 80 години покрај неа“ – изјавил Карам за сајтот Zoosk.

„Кога бев млада, секоја вечер му правев свеж оброк. Ние сме вегетаријанци, па купував многу свежи зеленчуци и се трудев тој да се храни здраво. Здравјето е многу важно, а јас сакав да се грижам за него за да остариме заедно. Некои ќе кажат дека ми успеа!“ – изјавила Картари.

„Ох, како можев да заборавам, секогаш зачувував малку чапати (тип леб) за него. Мал гест кој тој го ценеше многу, а мене ме одржуваше послаба“ – дополнила таа.

Карам и Картари

„Во минатото луѓето слушаа. Сега мислам дека луѓето не издвојуваат време за да се ислушаат еден со друг како што треба. Луѓето денес се презафатени со работа, ТВ и со други нешта кои се случуваат околу нив. Мојот совет до мажите и жените е да ги слушаат своите партнери, да покажуваат интерес за она што тие го зборуваат и да им помагаат да ги надминат грижите или проблемите низ кои тие поминуваат“ – рекол Карам.

5 нивни совети за одржување на романтиката

  1. Секогаш бидете верни. Кога стапувате во брак, вие се обврзувате да ѝ го посветите животот на таа личност.
  2. Грижете се еден за друг најдобро што можете. Ако сакате да остарите заедно, морате секогаш да се грижите еден за друг, на секаков начин. Независно дали ќе направите оброк, ќе му ја држите раката на партнерот додека ја минува улицата или ќе бидете рамо за плачење кога нешто ќе тргне наопаку.
  3. Бидете толерантни еден кон друг. Секој има лоши навики или иритирачки особини. Без разлика дали тоа е оставањето на мокра крпа на подот или слушање на радио гласно, вие морате да се толерирате и да сфатите дека никој не е совршен. Се разбира, и ние понекогаш се нервираме еден со друг, но ако сакате да издржите речиси 90 години, научете се да ги сакате лошите навики. Во спротивно, нема да успеете.
  4. Ислушувајте се еден со друг. Најважното нешто во секоја врска е да се слушате. Луѓето веќе не се ислушуваат еден со друг, затоа што се премногу зафатени со работа или ТВ. Секој ден слушајте ги проблемите и грижите на саканите, затоа што така можете да им помогнете да ги надминат и да бидат посреќни. Исто така, тоа ве зближува, бидејќи кога има проблем во животот, прво ќе се побарате еден со друг.
  5. Почитувајте ги социјалните и религиозните вредности. Почитувајте го, негувајте го, ценете го, сакајте го и грижете се за партнерот – секогаш однесувајте се кон него онака како што сакате тој да се однесува кон вас.

Анкета

Анкета
Каде планирате да одите на одмор летово?
  • 41%
  • 14%
  • 25%
  • 20%
Се испраќа...

(Вкупно: 8610 гласа)

Цитат

Некои од најдобрите спомени се создадени во апостолки.

Кели Елмор

Виц

Крем со колкав фактор?

- Со 20.

Доволно ќе ви е?

- Ако згрешам, нека изгорам.