8 нешта во кои вреди да инвестирате за да си го олесните животот со новороденче
Почетна » Новости » Занимливости » 8 нешта во кои вреди да инвестирате за да си го олесните животот со новороденче

8 нешта во кои вреди да инвестирате за да си го олесните животот со новороденче

Малите бебенца не се ни најмалку материјалисти. Нив не ги интересира дали нивната облека е од најскапите брендови, дали нивната соба е бојадисана во боја која е тренд, дали мебелот во нивната соба чини мало богатство, дали нивните играчки се едукативни или не. Тие само сакаат да имаат удобно и топло место за спиење, да бидат сакани, да имаат чиста пелена и облека, нивното меше да биде полно и да поминат одредено време надвор на свеж воздух.

Сепак, за да ги задоволат основните потреби на нивната прва радост и за да си го олеснат животот со новороденче, идните мајки навистина треба да одделат мало богатство.

Во очекување сте на раѓањето на вашето прво бебе? Еве во кои нешта вреди да инвестирате пред породувањето:

Бебе

1. Креветче и душек

Малите бебиња имаат потреба од сон во најголем дел од денот. Новороденчињата до 3-месечна возраст треба да спијат од 14 до 17 часа, па разбирливо е дека вашето бебе ќе помине голем дел од првата година во своето креветче. Поради тоа, вреди да инвестирате во креветче кое ќе ги исполнува стандардите за безбедност, како и во квалитетен душек, кој ќе одговара на димензиите на креветчето. Запомнете дека не треба да има празен простор меѓу решетките на креветчето и душекот.

Бебе

2. Седиште за во автомобил

Од првото возење до дома, до многуте кои ви претстојат при заедничките излегувања и посетите на роднини и пријатели, вашето бебе ќе биде чест патник во вашиот автомобил, а основното нешто кое треба да го купите за безбедно да го превозувате е бебешко седиште. Бебешките седишта секојдневно спасуваат животи. Според статистиките, ако бебето е соодветно врзано во седиштето, ризикот од смрт при сообраќајна несреќа се намалува за 71%. Тоа не значи дека треба да го купите најскапото седиште на пазарот, но при купувањето морате да ја земете предвид возраста на бебето и неговата големина, како и да изберете седиште кое ги задоволува безбедносните стандарди.

3. Количка

За да си го олесните престојот во природа со вашето новороденче, неопходно е да имате соодветна количка. Најчесто, лесните и летни колички не се соодветни за превоз на бебиња под 6 месеци, бидејќи подлогата треба да биде потполно рамна. Затоа, потребно е добро да се информирате пред да инвестирате. Размислете на опцијата да купите само рамка од количка врз која се поставува седиштето за автомобил. Така ќе имате „2 во 1“ и ќе заштедите средства.

4. Кенгур носилка

Се разбира дека не е задолжително да купите и количка и кенгур носилка за вашето бебе и дека можете да одберете една од двете опции. Меѓутоа, докажано е дека носилките не само што им го олеснуваат животот на мајките кои не треба да креваат тешка количка на секое излегување со бебето, туку имаат и многу придобивки за развојот на бебето. Носењето на бебето во кенгур ја зајакнува врската меѓу бебето и родителот кој го носи, го смирува бебето, до намалува ризикот од СИДС (Синдром на ненадејна смрт кај дете) и од постпородилна депресија, им ги ослободува рацете на мајките на бебиња кои се плачливи и овозможува дискретно доење.

5. Релаксатор

Релаксаторот можеби не е неопходност, но е одлична замена за уморните раце на мама и го олеснува животот. Многу бебиња сакаат да бидат држени во раце во првите месеци од животот, а нивните мајки се преуморени од новите обврски, непреспаните ноќи, доењето. Честопати, новороденчињата имаат грчеви и постојано плачат, а нишањето е единственото нешто што ги смирува. Релаксаторите се дизајнирани за да можат да се користат од раѓањето, а голем дел од нив имаат и вибрации и/или музика за смирување на бебињата.

6. Кадичка

Бебешката када е едно од основните нешта кои треба да ги имаат новите мајки. Да бидеме искрени, за повеќето неискусни родители, првите бањања на новороденчето се страшни. Најдобро е да изберете кадичка која има мрежа на себе или да поставите специјален сунѓер како подлога која не се лизга. Тоа дефинитивно ќе ви го олесни бањањето.

Бебе

7. Комода и масичка за преповивање

Многу мајки по породувањето имаат проблеми со грботи и половината, независно од начинот на кој го донесле на свет своето дете. Бидејќи пелената на новороденчињата треба да им се промени 6-10 пати во текот на денот, пожелно е мајката да стои во исправена позиција додека го пресоблекува бебето и за време на бањањето. Доколку имате можност, инвестирајте во комода која може да биде не само место за складирање облека, пелени, марамчиња, креми и сл., туку ќе биде и масичка за преповивање и место за бањање. Ергономската висина ќе ви го олесни животот и ќе ви ја намали болката во половината.

Бебе

8. Бебешка торба за мама

Мајките треба да понесат со себе цел список со работи ако сакаат да излезат од дома со своето новороденче. Пелени, подлога за преповивање, цуцла, шише, крем, влажни марамчиња... Овие нешта треба да ви бидат секогаш на дофат, па многу е подобро да имате бебешка чанта со соодветни прегради одошто обичен ранец со кој тешко ќе можете да се снајдете.

Совети:

  • Ако не сакате да потрошите многу пари, секогаш можете да ги купите неопходните нешта на старо, од втора рака, и да заштедите. Сепак, секогаш имајте ги предвид стандардите за безбедност и дали нештата што ги купувате се вклопуваат во нив.
  • Очекувате вашето семејство да се збогати со нов член, а не можете да си ги дозволите основните и неопходни нешта потребни за негова нега? Една од опциите за да си го овозможите тоа е да подигнете потрошувачки кредит од Халкбанк*, кој е наменет токму за такви потреби.

*Халкбанк АД Скопје нуди фиксна каматна стапка за првите 2 години со рок на отплата до 120 месеци, БЕЗ трошоци за одобрување и БЕЗ трошоци за предвремена ликвидација на кредитот. Овој тип на кредит може да се користи за вашите тековни потреби, а исто така и за рефинансирање на постоечки кредити од други банки.

Износот кој може да ви биде одобрен е до 1.200.000 МКД, а максималниот рок на исплата е до 120 месеци. Каматната стапка за првите две години е фиксна и изнесува 5,00%.

Провизијата за обработка на кредитот и провизијата за предвремена ликвидација изнесува 0%. Трошоците за кредитот се 350 мкд за проверка во Кредитно биро и 150 мкд за апликација.

Бебе

Анкета

Анкета
Дали редовно си правите самопреглед на дојките?
  • 26%
  • 74%
Се испраќа...

(Вкупно: 2742 гласа)

Цитат

Не патуваме за да избегаме од животот, туку за животот да не ни избега нам.

Анонимен

Виц

Мажите со брада во 1819 година:

- Ќе ја убијам оваа мечка со голи раце!!!

Мажите со брада во 2019 година:

- Органски ли е овој крем за раце?