200 лица со големи срца присуствуваа на роденденот на аутистично момче откако ниту едно дете не ја прифати поканата
Почетна » Новости » Занимливости » 200 лица со големи срца присуствуваа на роденденот на аутистично момче откако ниту едно дете не ја прифати поканата

200 лица со големи срца присуствуваа на роденденот на аутистично момче откако ниту едно дете не ја прифати поканата

Кога се наближил 6-тиот роденден на нејзиниот син, Лиса Шрамел започнала да планира забава за малиот Матијас со неговите другарчиња од градинка. Таа испратила покани, но не добила ниту еден позитивен одговор.

Матијас

Нејзината идеја била да ги однесе сите дечиња да го гледаат на кино новиот филм со суперхеројот Тор и требало барем 10 деца да ја прифатат поканата за да резервира сала.

„Неделите минуваа и дојде ноќта пред роденденот, а никој ме немаше контактирано, па седев и си мислев што да правам, бидејќи тој зборуваше само за тоа, а на роденденот ќе немаше никој“ - раскажала таа.

Во момент на нервоза што ќе го разочара Матијас, кој има аутизам, таа напишала порака на Facebook.

„Мојот син е слатко, добро момче. Но, никој од неговиот клас од градинка не ја прифати поканата за роденден. Тој е многу возбуден, а никој нема да дојде и сега е предоцна да ја изнајмам салата, дури и ако некој се премисли во последен момент. Ќе му се скрши срцето. Како да го погледнам тоа слатко лице и да му кажам дека е различен и дека тоа е ОК, кога луѓето се толку злобни. Аутистичните деца не се заразни и не се сите насилни. Тие се уникатни и прекрасни како и секое друго дете.“

Сторијата е уште потажна ако се знае дека семејството минувало низ многу тежок период. Имено, две недели пред роденденот, на Лиса ѝ биле откриени неканцерогени тумори во градите, нејзиниот сопруг останал без работа, а нивни близок роднина ја губел битката со рак на белите дробови.

Кратко време по објавата, Лиса започнала да добива пораки од десетици лица кои биле подготвени да му подарат на Матијас роденден каков што заслужува.

„Плачев и плачев. Беше прекрасно и бев екстремно среќна. Во тој момент, имав 15 часа за да подготвам роденденска забава!“ - изјавила Лиса.

Роденденската прослава се одржала во зоолошка градина, затоа што Матијас сакал многу животни. Повеќе од 200 лица присуствувале на забавата и помогнале при украсувањето.

Матијас Матијас

Дури и колоритната роденденска торта била направена од вешта гостинка.

Матијас

„Тоа беше прв пат да видам мојот син да е третиран како другите деца. Тоа е сè што посакував за него, да има моменти во кои никој нема да го гледа како скршен или различен... Тие го гледаа него како нормално мало дете кое сака да си игра“ - рекла среќната мајка.

Матијас Матијас

Анкета

Анкета
Каде ќе одите/бевте на одмор ова лето?
  • 25%
  • 6%
  • 6%
  • 7%
  • 3%
  • 3%
  • 12%
  • 12%
  • 26%
Се испраќа...

(Вкупно: 9963 гласа)

Цитат

Не патуваме за да избегаме од животот, туку за животот да не ни избега нам.

Анонимен

Виц

Мажите со брада во 1819 година:

- Ќе ја убијам оваа мечка со голи раце!!!

Мажите со брада во 2019 година:

- Органски ли е овој крем за раце?