17 фотографии кои ќе ви ја вратат вербата во човештвото
Почетна » Новости » Занимливости » 17 фотографии кои ќе ви ја вратат вербата во човештвото

17 фотографии кои ќе ви ја вратат вербата во човештвото

„Луѓето не се секогаш ужасни. Понекогаш, тие можеби се дури и по малку прекрасни“ – пишува Џек Шепард пред да ја објави својата компилација од фотографии кои веќе допреа до милиони срца низ светот.

Погледнете ги фотографиите за да се потсетите на добрата страна на луѓето.

1. Над 200 јапонски пензионери доброволно се пријавија за да влезат во контаминираната зона во Фукушима и да помогнат во поправањето на штетите од цунамито. Тие изјавиле дека го прават тоа за младите да не се изложуваат на радијација. „Ние мора да работиме наместо нив. Повозрасните лица се помалку чувствителни на радијација. Затоа, мора ние да работиме“ – изјавил 72-годишниот Јасутеру Јамада.

Моќни фотографии

2. Маж ѝ ги дава своите апостолки на бездомничка во Рио де Жанеиро.

Моќни фотографии

3. Натпреварувачка од Охајо ѝ помага на повредената конкурентка да ја премине целта. 17-годишната Меган Вогел била последна во трката кога ја стигнала Арден МекМат, која се борела да продолжи со трчање. Наместо да ја премине за да не остане на последното место, Меган ја зела раката на Арден, ја ставила преку своето рамо и ја носела 30 метри до целта.

Моќни фотографии

4. За време на протести во Бразил, генерал им рекол на демонстрантите: „Не се тепајте, ве молам, не на мојот роденден...“, а потоа, група демонстранти му приредиле роденденско изненадување.

Моќни фотографии

5. Маж од Мелбурн скокнал во вода за да го спаси кучето на жена која не ја познавал. Кучето завршило во водата поради силен ветер. Спасителот, Раден Соемавината, тој ден бил на кејот за да ја расфрли пепелта на својата почината баба.

Моќни фотографии Моќни фотографии

6. Стара госпоѓа му ја дала на келнер оваа порака заедно со банкнота од 20 долари. Пораката вели: „Лук, бакшишот ти го дадов затоа што ме потсетуваш на син ми Дерон, кој почина пред 15 години. Можеби малку личиш на него, но твојот љубезен, нежен, добронамерен, учтив дух ја прави поврзаноста со него. Благодарам за слатко-горчливото сеќавање на него. Бог да те благослови!“

Моќни фотографии

7. Две момчиња од Норвешка спасуваат овца од океан.

Моќни фотографии

8. Табла поставена на книжара: „Во секое време: Ако немате пари да купите книги, а имате потреба или сакате да читате, послужете се.“

Моќни фотографии

9. Знак на кој е напишано: „Бесплатен оброк за бездомниците, секој петок од 3 до 5 попладне“.

Моќни фотографии

10. Жител на село во Индија носи мачиња на суво за време на поплава.

Моќни фотографии Моќни фотографии

11. Бесплатно хемиско чистење за лица кои одат на интервју за работа. „Ако сте невработени и ви е потребна чиста облека за на интервју, ние ќе ви ја исчистиме БЕСПЛАТНО.“ Околу 2.000 лица ја искористиле услугата, а тоа ја чинело компанијата 32.000 долари.

Моќни фотографии

12. Пожарникар му дава кислород на маче спасено од опожарена куќа.

Моќни фотографии

13. Мачка спасена од пожар.

Моќни фотографии

14. Девојка од Гватемала добива цвеќе од турист кој тукушто го запознала.

Моќни фотографии

15. Две деца спасуваат куче.

Моќни фотографии

16. Младо семејство наместо сметка ја добило оваа порака додека било на вечера: „Еднаш, некој нам ни ја плати вечерата кога бевме млади родители. Тоа ни остави голем впечаток. Основата на овој гест беше доброто родителство. Продолжете со добрата работа... Времето минува толку брзо.“

Моќни фотографии

17. Најдобри пријатели на лулашка.

Моќни фотографии

Анкета

Анкета
Сметате ли дека е добра мерката за задолжително носење на заштитна опрема на лицето (маска, шал)?
  • 64%
  • 36%
Се испраќа...

(Вкупно: 6547 гласа)

Цитат

Можеш да ги исечеш сите цвеќиња, но не можеш да ја спречиш пролетта да дојде.

Пабло Неруда

Виц

Се качувам на вага по завршувањето на карантинот.

Вагата покажува: „Ве молам почитувајте социјално дистанцирање. Качувајте се еден по еден!“