15 нешта кои секој татко на ќерка треба да ги знае
Почетна » Новости » Занимливости » 15 нешта кои секој татко на ќерка треба да ги знае

15 нешта кои секој татко на ќерка треба да ги знае

Татко. Тоа е вистински херој и незаменлива фигура во животот на секоја жена. Татковото влијание ја обликува самодовербата на ќерката, нејзината самопочит, но и сликата за мажите.

Џастин Риклефс е татко на четири девојчиња (и едно момче), кој е свесен за важната улога во животот на своите ќерки. Неговата листа од 15 нешта кои ги научил во единаесетте години од растењето на неговите ќерки стана вирален хит и несомнено ќе ве разнежни.

Риклефс редовно слуша коментари како „Батка, опкружен си од жени“, „Со што го заслужи ова?“ и „Ќе те жалам кога ќе станат тинејџерки“. Тој не крие дека ги жали луѓето со такви размислувања и е категоричен дека ќерките се огромна радост и привилегија, а не товар.

Татко и ќерка

Во продолжение е неговата листа за татковците на ќерка.

  1. Таа сака да биде сакана. Таа повеќе сака да ја сакаш отколку што ги сака работите кои можеш да ѝ ги купиш и повеќе од нештата на кои можеш да ја научиш. Никој друг на Земјата не може да ја преземе твојата улога на татко. Твојата ќерка ќе те разочарува, ќе прави огромни грешки и можеби одреден период ќе ти го сврти грбот, но никогаш не дозволувај таа да се посомнева во твојата љубов кон неа. Погледни ја в очи и кажи ѝ дека ја сакаш. Многу.
  2. Ти имаш влијание врз нејзиниот избор на иден партнер. Тоа е страшна помисла, но тоа каков маж си за неа ќе има директно влијание на тоа со кого ќе избере таа да се омажи еден ден. Со години нашата трета ќерка ме молеше да се омажам со неа кога ќе порасне. Морав да ѝ објаснам дека јас веќе сум оженет за нејзината прекрасна мајка. Ако правиш сè правилно, таа ќе сака да се омажи со некој како тебе еден ден.
  3. Слушај ја нејзината музика. Кога моите девојчиња се во мојот автомобил, можеш да нè фатиш како танцуваме на музиката на Тејлор Свифт, One Direction, Коди Симпсон, Кети Пери, добивате идеја за што зборувам. Тоа не е музика која би ја слушал сам (со еден исклучок – ја сакам Тејлор Свифт), но кога таа ги развеселува нив, ме развеселува и мене.
  4. Таа гледа како се однесуваш кон нејзината мајка. Ако треба да избереш едно нешто од листава, земи го ова. Едно од најдобрите нешта кои можеш да ги направиш за својата ќерка е да ја сакаш нејзината мајка. Лесно можеш да ги поставиш децата во центарот, трчајќи од една нивна активност кон друга. Но, бори се за својот брак и направи го свој приоритет. Сакај ја својата сопруга, издвојувај си време за да се состануваш со неа, носи ја на патувања и покажи им на твоите деца дека таа е поголем приоритет од нив.
  5. Не се повлекувај додека таа расте. Мојата најголема ќерка има 11 години, па немаме влезено во страшните тинејџерски години, но јас сум подготвен. Менструални периоди, момчиња, бричење на пазувите... што и да е. Не исчезнувај кога нејзиното тело и емоциите ќе започнат да се менуваат.
  6. Научи ја како да прави вистински склек. Моите девојчиња не се слабаци. Тие знаат како да направат вистински склек. Тие спортуваат напорно. Но тие не се само физички издржливи. Ние растеме психички издржливи девојчиња, како нивната мајка. Во свет во кој женственоста пречесто се поврзува со принцески фустани и бајки, моите девојчиња се цврсти како шајки.
  7. Создавај спомени. Еден пријател еднаш ми рече дека моја работа е да бидам главен креатор на спомени во домот. Морбидно е, но во најдобар случај ми преостануваат 50-60 години на Земјата. Тоа не е тон време, па ќе се трудам напорно да создадам колку што е можно повеќе спомени за своите девојчиња. Славиме големи нешта, но си ги сфаќаме сериозно и малите нешта. Семеен филмски маратон петок навечер. Голем појадок во сабота. Прошетки по посета на црква. Исполни го емоционалниот дневник на твојата ќерка со спомени со нејзиниот татко.
  8. Научи ја дека светот не се врти околу неа. Нешто неверојатно се случува кога ќе сфатиме дека универзумот не ротира околу нас. Ние се обидуваме да им покажеме на нашите девојчиња дека животот најдобро се живее кога даваме. Да им служиме на другите. Не мора секогаш да бидеме во право.
  9. Појавувај се на нејзините настани. Како татковци на млади ќерки, најголем дел од нас градиме кариера во исто време. Иако не е возможно секој пат, направи напори да одиш на нејзините настани. Дури и кога не ти се омилени. Ја мразам рекламата за таткото кој на приредбата на неговата ќерка гледа фудбал на телефонот. И јас сакам добар фудбалски натпревар како секој маж, но ракоплескај толку силно на приредбата на твојата ќерка колку што би ракоплескал кога би гледал спорт.
  10. Физичката блискост не значи дека си присутен. Јас често го заборавам ова. Фактот дека си таму не значи дека навистина си таму. Исклучи го мобилниот телефон кога ќе се вратиш од работа или барем остави го во друга соба. Твојата ќерка не ја интересираат твоите електронски пораки, твојот фудбалски тим од фантазиите или твоите групни дискусии. Таа сака да поминеш време со неа. Да си игра со тебе. Да биде со тебе.
  11. Направи ѝ фризура или маникир. Мојата сопруга го прави ова 99 пати од 100, но јас постојано им кажувам на моите ќерки дека тато може да направи убиствено коњско опавче. И можам да им ги налакирам ноктите како шампион. Тие ги лакирале моите во многу прилики. Покажи ѝ дека мажите можат да бидат нежни.
  12. Состанувај се со неа. Посакувам да можев да кажам дека го правам ова постојано, но еднаш на неколку месеци е подобро отколку ниеднаш. Состанувањето со ќерка ти е многу важно за да ѝ покажеш како еден маж треба да се однесува кон жена. Наречете ме старомоден, но на состаноците со моите девојчињата јас им ги отворам вратите, ги плаќам сметките, ги гледам в очи и се трудам да се чувствуваат како да вредат милион долари. Ова не мора да чини многу пари. Доволна е прошетка низ маалото. Кратко возење велосипед. Посета на продавница за сладолед. Не мора да биде луксузно. Важна е намерата.
  13. Нејзиното срце е поубаво од нејзиниот изглед. Погоди што тато? Твоја задача е да ѝ кажеш на ќерка ти, а потоа и да ја потсетиш милион пати, дека она што е внатре во неа ќе ја одведе далеку во животот. Растењето и воспитувањето на девојчиња во овој сензуален свет не е лесно, но тие не мора да се помират со верувањето дека за да бидеш убава мора да си преслаба или да го покажеш речиси секое делче од кожата кога ќе влезеш во одредена просторија.
  14. Не трепнувај. Таа те нарекува тато. Уживај во таа улога.
  15. Дали ќе ми опростиш? Заборавам на потточките од 1 до 14 многу повеќе отколку што би сакал да си признам. Но, давам сè од себе. И ти исто така. Но, кога ќе оплескам, кога ќе ѝ ги повредам чувствата и кога моите намери се подобри од моите постапки, учам да барам прошка. Не едноставно извинување, туку искрена молба за опростување. Биди татко кој слегува на нејзино ниво и признава дека не знае како е најдобро да се однесува во секоја ситуација. Таа ќе ти опрости за тоа.
Џастин со своите децаЏастин со своите деца

Татковци, вашата улога е скапоцена. Сакајте ги своите ќерки најдобро што можете.

Анкета

Анкета
Дали редовно си правите самопреглед на дојките?
  • 26%
  • 74%
Се испраќа...

(Вкупно: 4086 гласа)

Цитат

Не патуваме за да избегаме од животот, туку за животот да не ни избега нам.

Анонимен

Виц

Мажите со брада во 1819 година:

- Ќе ја убијам оваа мечка со голи раце!!!

Мажите со брада во 2019 година:

- Органски ли е овој крем за раце?