10.000 бесплатни автобуски возења од Македонски Телеком
Почетна » Новости » Занимливости » 10.000 бесплатни автобуски возења од Македонски Телеком

10.000 бесплатни автобуски возења од Македонски Телеком

  • Стартува нова наградна игра за корисницитена Македонски Телеком
  • 1 000 корисници ќе добијат по 10 електронски автобуски билети кои ќе можат да ги користат со MobiPay

Македонски Телеком организира нова наградна игра за своите корисници во која доделува бесплатни електронски автобуски билети за јавниот градски превоз.

Обезбедени се вкупно 10 000 билети, односно по 10 електронски автобуски билети за ЈСП за 1 000 среќни добитници, кои ќе можат да ги користат преку нивните мобилни телефони со услугата – MobiPay.

Право на учество имаат сите корисници од приватниот сегмент на Македонски Телеком над 18 години, кои се регистрирале за учество во наградната игра преку бесплатниот телефонски број 14788.

Македонски Телеком

Регистрацијата на учесниците ќе трае од 1.12.2016 до 31.01.2017година, а ден потоа ќе се врши наградното извлекување. Секој учесник од еден телефонски број може да освои најмногу една награда во текот на наградната игра.

Добитниците на наградите ќе бидат објавени на вебстраницата: www.telekom.mk.

Електронското плаќање преку мобилните уреди – MobiPay е едноставно, брзо и безбедно и граѓанитего користат во многу продажни места, кафулиња и ресторани, такси возила, како и во јавниот градски превоз. Услугатасе активира брзо и лесно со повик кон бесплатниот број 14 11 14.

Преку проектот „Паметен град“, Македонски Телеком ја започна трансформацијата на Скопје во модерен и паметен градпо примерот на светските метрополи.Во рамките на овој проект500 автобуси на ЈСП се целосно опремени со електронски уреди за наплата и мониторинг во реално време, а наскоро ќе бидат опремени и возилата на приватните превозници. Електронската наплата на билетите се одвива преку паметната картичка СКОПСКА, како и преку мобилните телефони на корисниците на Македонски Телеком, кои имаат активна услугамобилно плаќање (MobiPay),со вртење на бројот 185.

Анкета

Анкета
Каде планирате да одите на одмор летово?
  • 41%
  • 14%
  • 25%
  • 21%
Се испраќа...

(Вкупно: 9566 гласа)

Цитат

Некои од најдобрите спомени се создадени во апостолки.

Кели Елмор

Виц

Крем со колкав фактор?

- Со 20.

Доволно ќе ви е?

- Ако згрешам, нека изгорам.