Виена е најдобар град за живеење за 2018 година според најновото истражување на „Економист“.
Мелбурн, кој седум години стоеше на врвот на листата, сега го зазеде второто место.
„Иако и кај Мелбурн и кај Виена беше забележано подобрување во изминативе шест месеци, зголемувањето на рејтингот на Виена, особено во категоријата стабилност, беше доволен за да го надмине Мелбурн“ - велат од „Економист“.
Вкупно 140 градови беа рангирани од Economist Intelligence Unit врз база на кластер од фактори како политичка и социјална стабилност, здравство, криминал и образование.
Во првите 10 влегоа три градови од Австралија и три од Канада. Виена и Копенхаген се европските градови кои се најдоа на челните позиции.
Дамаск во Сирија беше рангиран на последното место.
Еве кои се најдобрите градови:
1. Виена, Австрија
2. Мелбурн, Австралија
3. Осака, Јапонија
4. Калгари, Канада
5. Сиднеј, Австралија
6. Ванкувер, Канада
7. Токио, Јапонија
8. Торонто, Канада
9. Копенхаген, Данска
10. Аделаида, Австралија
