Ќе ви го стоплат срцето: Фотографии „пред и потоа“ од предвреме родени бебиња
Почетна » Новости » Занимливости » Ќе ви го стоплат срцето: Фотографии „пред и потоа“ од предвреме родени бебиња

Ќе ви го стоплат срцето: Фотографии „пред и потоа“ од предвреме родени бебиња

Помеѓу нас има личности кои уште при доаѓањето на овој свет ја воделе најтешката битка во својот живот за да прераснат во прекрасни индивидуи. Предвремено родените бебенца се мали херои кои инспирираат со својата желба за живот.

Во чест на предвреме родените бебиња кои се избориле за својот живот, во САД ноември е прогласен за Месец на прематуритетот. Голем број родители споделија фотографии „пред и потоа“ од своите малечки како изгледале кога се родиле, а како изгледаат сега. Лево се малите херои во оддел за интензивна нега, а десно се пораснати и насмеани.

Светскиот ден на прематуритетот се слави на 17 ноември.

БебеРодени во 29. недела од бременоста. Дилан поминал 100 дена во оддел за интензивна нега, а Елизабет 80 дена. БебеЕмили Миа е родена во 23. недела од бременоста. Во јануари ќе наполни 3 години. БебеДевојчето е родено во 23. недела од бременоста и помина 4 месеци во оддел за интензивна нега. Сега има 3 години. БебеЛукас е роден во 27. недела. Сега има 2 години. БебеМоника е родена во 24. недела. БебеДевојчето е родено во 25 недела, помина 140 дена во оддел за интензивна нега. Сега има 6 години. БебеПенелопе е родена во 34 недела. Сега има 5 години. БебеЕдвин е роден во 35. недела од бременоста. Во март ќе наполни 2 години. БебеЏек е роден 7 недели предвреме. БебеРајли Хопер е родена во 28. недела од бременоста. „По 16 недели поминати во оддел за интензивна нега, таа сега е среќно, здраво, забавно и талентирано 6-годишно девојче“. БебеБлизнаците Мајлс и Ембри се родени во 29. недела од бременоста и поминаа 41 ден во оддел за интензивна нега. Сега имаат 9 месеци. БебеАтлас е роден во 25. недела од бременоста. Во април ќе наполни 2 години. БебеБрејден е роден во 27. недела и помина 4 месеци во оддел за интензивна нега. БебеБрикстон е роден во 36. недела, а сега е енергично и паметно три и пол годишно момче. БебеСкарлет е родена во 33. недела од бременоста. На втората фотографија има 2 години. БебеЕмерсин Грејс е родена во 34. недела од бременоста. БебеБебенцето е родено во 26. недела, а сега има 7 години. БебеЏоела и нејзиниот брат се родени во 23. недела. За жал, Тобијас не преживеа, а Џоела денес има 2 години. БебеДиглан е роден во 29. недела од бременоста и помина 6 недели во оддел за интензивна нега. БебеКупер е роден во 31. недела, а сега има 4 години. БебеЕден и нејзината сестричка се родиле во 24. недела од бременоста. За жал, сестра ѝ се родила мртва, но Иден помина низ многу предизвици и операции и се избори за својот живот. Сега има 7 години.

Анкета

Анкета
Каде планирате да одите на одмор летово?
  • 41%
  • 14%
  • 25%
  • 20%
Се испраќа...

(Вкупно: 8695 гласа)

Цитат

Некои од најдобрите спомени се создадени во апостолки.

Кели Елмор

Виц

Крем со колкав фактор?

- Со 20.

Доволно ќе ви е?

- Ако згрешам, нека изгорам.