Ќе ве разнежи: Емотивно писмо на мајка за првото патување во Дизниленд со посвоените ќеркички
Почетна » Новости » Занимливости » Ќе ве разнежи: Емотивно писмо на мајка за првото патување во Дизниленд со посвоените ќеркички

Ќе ве разнежи: Емотивно писмо на мајка за првото патување во Дизниленд со посвоените ќеркички

Ејми Бет Гарднер разнежни илјадници срца со писмо во кое го опишува моментот кога нејзината посвоена ќеркичка за првпат во животот почувствува радост.

Сестричките Бриона и Бриџит биле згрижени од Ејми и нејзиниот сопруг откако социјалните служби им ги одзеле на семејство во кое биле малтретирани. Еден ден, постарото девојче, кое тогаш имало само 9 години, ѝ рекло на Ејми дека мисли дека никогаш нема да почувствува радост. Додека срцето ѝ се кршело од тагата на малото девојче, Ејми скроила план како да внесе среќа во животите на нејзините нови ќерки.

Прочитајте ја нејзината емотивна објава за првото патување на девојчињата во Дизниленд:

Дизниленд

Тоа што неделава бевме во Дизниленд ме натера да се потсетам на првиот пат кога јас и мојот сопруг ги донесовме девојчињата тука. Бевме нивни згрижувачки родители само неколку месеци, кога имав разговор што ме наежи со постарото дете. Имаше само девет години, ме погледна в очи и со тага во гласот ми рече: „Мислам дека никогаш нема да почувствувам радост “. Ми кажа дека живеењето со нас ѝ овозможило да чувствува сигурност, безбедност и љубов, но дека не може да замисли дека некогаш ќе знае како е да се искуси радост. Во тој момент, гледајќи го детето што го сакав како си мисли дека среќата му е далеку од дофат, знаев точно што да направам.

Резервирав патување во Дизниленд.

Резервирав хотел и билети најбрзо што можев. Ја прочешлав листата на возења низ тематските паркови и направив координирачка листа од филмови на Дизни за девојчињата ‘случајно’ да ги изгледаат и да можат да ги препознаваат ликовите кои тогаш им беа непознати. Ги демнев резервациите за вечера, сѐ додека не им обезбедив појадок со принцезите и не им резервирав две места во бутикот Bibbidi Bobbidi. Конечно, една октомвриска вечер, снимајќи со нашата камера им подадовме торби со персонализирани маички и уши како Мини Маус и им кажавме да си ги облечат чевлите бидејќи треба да го фатиме првиот лет во нивните млади животи - до Дизниленд.

Дизниленд

Магичното кралство го имаше посакуваниот ефект на мојата помлада ќерка, уште откако зачекоривме низ предните порти. Изгледаше како и секое друго 5-годишно девојче кое за првпат го искусува Дизниленд, додека трчаше од едно возење на друго и собираше автограми од принцезите. Но, ми беше малку тешко на срцето додека ја гледав нашата постара ќерка како тивко оди по „Главната улица“. Се чувствував разочарано и тивко се обвинував себеси што верував дека тематски парк би можел да му го донесе чувството на среќа на ова девојче. Таа изрази благодарност што ја донесовме, но не беше претерано возбудена и не покажуваше чувства додека ја гледаше магијата што се ширеше околу неа.

Тоа што не го знаев беше дека магијата не се ширеше околу неа, туку се ширеше внатре во неа.

Тогаш не го знаев тоа, но радоста ја очекуваше кога тупецот во кој се возевме се спушти по воден тобоган. Радоста се криеше зад завесата од зад која се појавија принцезите. Радоста беше во рацете на Елза додека ја прегрнуваше, а ние ја фотографиравме. Радоста пловеше насекаде околу нас кога се наведнав над неа за време на „It’s A Small World“ и ѝ кажав дека возењето изгледа исто како што изгледаше кога јас бев мало девојче. Радоста изгледаше многу како нејзиниот прв сладолед Мики Маус, додека тој ѝ се топеше во рацете. Подоцна таа ноќ, радоста го осветли небото многу повеќе од кои било огномети. Додека го гледав нејзиното лице на светлината од огнометите знаев дека, иако таа не можеше да ѝ придаде точен збор на емоцијата што тогаш обземаше за првпат, јас можев.

Дизниленд Дизниленд

Кога огнометите завршија, тргнавме кон паркингот и застанавме во редот кај автобусот кој требаше да нѐ однесе кон нашиот ресорт. Стоевме во редот неколку минути кога почувствував поттргнување на мојата кошула. Се свртив и ја видов како тивко плаче покрај мене. Брзо се наведнав до неа и ја прашав што не е во ред. Додека ѝ ги бришев солзите од лицето, ја слушнав како изговара зборови кои ми го исполнија срцето:

„Мислам дека радоста мора да изгледа вака“.

Критичарите би рекле дека паркингот е најневообичаеното место за да се случи магијата на Дизни, но тие не го знаат тоа што го знаеме јас и ти. Вистинската магија на Дизни не се наоѓа на „Главната улица“, или во продавница за подароци, или во кое било возење низ парковите. Вистинската магија на Дизни се случува внатре во вас кога љубопитноста и надежта започнуваат да се вкоренуваат и вие започнувате да верувате дека сѐ е можно со само малку магија.

Дури и радоста.

Двете девојчиња сега се официјално посвоени од Ејми и нејзиниот сопруг.

Дизниленд Дизниленд

Анкета

Анкета
Дали редовно си правите самопреглед на дојките?
  • 26%
  • 74%
Се испраќа...

(Вкупно: 3977 гласа)

Цитат

Не патуваме за да избегаме од животот, туку за животот да не ни избега нам.

Анонимен

Виц

Мажите со брада во 1819 година:

- Ќе ја убијам оваа мечка со голи раце!!!

Мажите со брада во 2019 година:

- Органски ли е овој крем за раце?