Љубовната приказна на новиот претседател на Франција и првата дама која е 24 години постара од него
Почетна » Новости » Занимливости » Љубовната приказна на новиот претседател на Франција и првата дама која е 24 години постара од него

Љубовната приказна на новиот претседател на Франција и првата дама која е 24 години постара од него

Љубовната приказна на Емануел и Брижит Макрон е нарекувана „необична“ и „скандалозна“ поради големата разлика во возраста, но и заради тоа што љубовта се родила додека таа била мажена, а тој бил нејзин малолетен ученик. И покрај многуте пречки, сомнежи и неодобрувања на кои наишол, парот сè уште е во брак, а од неодамна е и на чело на Франција.

Емануел и Брижит Макрон Емануел и Брижит Макрон

Емануел Макрон е новиот претседател на Франција. 39-годишниот банкар го привлече светското внимание не само со тоа што стана најмладиот политичар кој има седнато во претседателската фотелја на Франција, туку и со необичната врска со неговата 64-годишна сопруга Брижит.

Емануел и Брижит Макрон

Кога се запознале, Брижит работела како наставничка и му била менторка на Емануел за училишна претстава. Таа имала 40 години и била мажена со три деца, додека тој имал само 15 години.

Емануел и БрижитБрижит го бакнува Емануел по завршувањето на претстава кога тој имаше само 15 години

Работејќи заедно на претставата, тие се зближиле и набрзо нивната врска станала скандалозна. Родителите на Макрон не ја одобрувале романсата поради огромната разлика во возраста и го испратиле нивниот син во Париз да го заврши средното образование. Сепак, тоа не било доволно голема пречка за развивањето на љубовта на парот кој денес стои на чело на Франција.

Никој никогаш нема да знае во кој момент нашата приказна прерасна во љубовна приказна. Тоа е само за нас. Тоа е наша тајна“ - изјавила Брижит.

Пред да замине за Париз, Емануел ѝ рекол на Брижит: „Не можеш да се ослободиш од мене. Ќе се вратам и ќе се оженам за тебе.“

Емануел и Брижит Макрон Емануел и Брижит Макрон Емануел и Брижит Макрон Емануел и Брижит Макрон

Додека биле разделени, тие постојано комуницирале телефонски. Брижит се разведе во 2006 година, а следната година стапи во брак со својата голема љубов.

Тој имаше само една девојка на негова возраст и овие две врски се единствените врски со жени кои ги имал, а тоа е мошне неверојатно во денешно време“ – вели неговата биографка.

Емануел и Брижит Макрон Емануел и Брижит Макрон Емануел и Брижит Макрон

Пред да ја побара за жена, Емануел побарал дозвола од нејзините три деца. „Тој сакаше да знае дали бракот е нешто што ние го прифаќаме“ - изјавила ќерката на Брижит која е на иста возраст со Емануел.

Парот нема деца, но Емануел ги има прифатено нејзините 3 деца и 7 внуци како свои. „Ние немаме класично семејство. Но, дали има помалку љубов во ова семејство? Не мислам така. Можеби има и повеќе љубов отколку во конвенционалните семејства“ - тврди тој.

Емануел и Брижит Макрон Емануел и Брижит Макрон Емануел и Брижит Макрон

Во 2015 година, Брижит се откажа од својата работа за да може да се фокусира на кариерата на својот сопруг. Таа е еден од најдоверливите советници на Емануел.

Без неа, немаше да бидам ова што сум“ - рече тој по победата.

Емануел и Брижит Макрон

Бракот на Макрон непрекинато подлежи на критики. Но, многумина се убедени дека тоа немаше да биде случај ако Емануел беше повозрасниот во врската. На пример, Доналд Трамп е 24 години повозрасен од Меланија, но никој не крева врева околу тоа.

Брижит ќе има своја улога во политиката на Елисејската палата, но нема да добива плата.

Емануел и БрижитЕмануел, Брижит и нејзината внука по победата на претседателските избори

Анкета

Анкета
Дали редовно си правите самопреглед на дојките?
  • 76%
  • 24%
Се испраќа...

(Вкупно: 18477 гласа)

Цитат

Не патуваме за да избегаме од животот, туку за животот да не ни избега нам.

Анонимен

Виц

Мажите со брада во 1819 година:

- Ќе ја убијам оваа мечка со голи раце!!!

Мажите со брада во 2019 година:

- Органски ли е овој крем за раце?