Ѕвездата на Арсенал Озил ќе им го спаси животот на 11 сиромашни деца, донирајќи пари за операции
Почетна » Новости » Занимливости » Ѕвездата на Арсенал Озил ќе им го спаси животот на 11 сиромашни деца, донирајќи пари за операции

Ѕвездата на Арсенал Озил ќе им го спаси животот на 11 сиромашни деца, донирајќи пари за операции

Германскиот репрезентативец Месут Озил го продолжи својот хуманитарен поход во Бразил. Ѕвездата на Арсенал им ги плати неопходните операции на 11 деца од сиромашни семејства. Минатата година, тој на ист начин им го спаси животот на 23 дечиња.

Преку хуманитарната програма BigShoe, Озил им помага на сиромашните деца во Бразил, сакајќи да остави позитивен белег во земјата каде минатата година стана светски шампион како дел од германската репрезентација. „Дури и по една година откако го освоивме Светското првенство во фудбал, сакам да продолжам да оставам позитивен белег во Бразил преку финансирање на операциите на уште 11 деца. За мене е многу важно да продолжам да им пружам помош на децата од Бразил“ – стои во изјавата на Озил за официјалниот сајт на германската репрезентација.

Сите деца избрани за програмата потекнуваат од сиромашни семејства и не би можеле да добијат соодветен третман без помошта на Озил. Тие ќе бидат оперирани во периодот помеѓу 24 октомври и 7 ноември.

Месут Озил

Ова не е првпат 26-годишниот фудбалер да спаси детски животи во оваа јужноамериканска земја. Во 2014 година, Озил го донираше целиот бонус од освојувањето на титулата на Мундијалот во Бразил за 23 дечиња да ги добијат неопходните операции. За својата хуманост, Месут се закити и со една од престижните „Лауреус“ награди.

Месут Озил Месут Озил

Анкета

Анкета
Дали редовно си правите самопреглед на дојките?
  • 73%
  • 27%
Се испраќа...

(Вкупно: 20010 гласа)

Цитат

Не патуваме за да избегаме од животот, туку за животот да не ни избега нам.

Анонимен

Виц

Мажите со брада во 1819 година:

- Ќе ја убијам оваа мечка со голи раце!!!

Мажите со брада во 2019 година:

- Органски ли е овој крем за раце?