„Шпаркасе Банка“ ги доделува првите кредити за стартапите
Почетна » Новости » Занимливости » „Шпаркасе Банка“ ги доделува првите кредити за стартапите

„Шпаркасе Банка“ ги доделува првите кредити за стартапите

Шпаркасе Банка Македонија ги додели првите кредити за старт-ап компаниите што учествуваа во првиот циклус од програмата „Чекор по чекор“, наменета за поддршка и развивање на старт-ап бизниси во Република Северна Македонија. Програмата „Чекор по чекор“ е прва програма што на старт-ап бизнисите им овозможи пристап до финансиски средства во вкупен износ од околу 1,5 милиони евра, во фондови гарантирани со Програмата за вработување и социјални иновации ЕаСи на ЕУ.

Шпаркасе

Младите амбициозни претприемачи со идеја за создавање сопствен бизнис, беа дел од првата акцелераторска програма од овој вид, која има за цел да обезбеди финансиска и општествена поддршка на компаниите што се во почетната фаза на отпочнување сопствен бизнис. Младите бизниси, кои се формирани пред помалку од 36 месеци на пазарот, имаа можност да аплицираат за првиот кредит преку подготовка на бизнис-план, кој беше оценуван од соодветна комисија на Банката. На почетокот на првиот циклус на програмата беа пријавени повеќе од 50-тина стартапи, кои имаа можност да бидат дел од едукативните работилници спроведени во соработка со Business Impact Lab и Start-up Academy.

„Задоволство ни е што сме првата банка што на младите претприемачи им обезбеди пристап до потребните финансиски средства од традиционални банкарски извори. Оваа поддршка ја овозможивме преку финансиските гаранции на Програмата за вработување и социјални иновации на ЕУ, како и Ерсте и Шпаркасе Групацијата, со чија помош ја продолжуваме мисијата на општествено одговорно кредитирање на социјалните бизниси и младите иновативни претприемачи. Очекувам дека во иднина оваа млада генерација претприемачи ќе ја придвижи македонската економија и ќе креира нови можности за вработување во нашата држава“, изјави Глигор Бишев, претседател на Управниот одбор на Шпаркасе Банка Македонија.

Шпаркасе

„Шпаркасе Банка Македонија ја имплементираше програмата ‘Чекор по чекор’ во соработка со Social Impact Lab и Start Up Academy, кои беа вклучени во спроведување 8 различни образовни модули. Преку овие работилници, стартап бизнисите ги разработија своите бизнис-планови, а сега, со помош на финансиските средства што ќе им бидат одобрени во форма на банкарски кредит, ќе ја продолжат инвестициската активност. Според нашите очекувања, интересот за учество во Програмата беше на значително ниво, односно се пријавија повеќе од 50 учесници и беа доставени 23 бизнис-планови за проценка и одобрување од соодветната комисија во Банката. На наше големо задоволство, денес ги објавуваме првите 13 бизниси кои добија позитивна евалуација и кои со помош на средствата од кредитната линија ќе продолжат да ги развиваа своите бизниси. Ние ќе продолжиме да бидеме нивната поддршка и во текот на периодот на отплатата на кредитот и се надеваме дека на крајот заедно ќе се гордееме со нивниот развој“, изјави Владимир Кечовски, директор на Дирекцијата за микро и мали клиенти.

Програмата што започна во октомври 2018 година успешно го заврши својот прв циклус на едукација и менторство за младите претприемачи. Следниот јавен повик за пријава на нови учесници во програмата ќе биде објавен во втората половина од годината. Повеќе детали за програмата и за условите за аплицирање за заем се достапни на страницата www.sparkasse.mk.

Шпаркасе

За Програмата за вработување и социјални иновации

Програмата за вработување и социјални иновации ЕаСи на ЕУ на Европската комисија има за цел да го поддржи стремежот кон висококвалификувана работна сила, соодветна социјална заштита, борбата против социјална маргинализација и подобрување на условите за работа на ЕУ. Гаранцискиот проект на ЕаСи беше отпочнат во јуни 2015 г., финансиран од Европската комисија и управуван од Европскиот инвестициски фонд.

Програмата обезбедува поддршка за финансиски посредници кои нудат микро-заеми на претприемачи или финансирање социјални проекти. Целта е да се зголеми пристапот кон микро-финансирање за ранливите групи што сакаат да основаат или да развијат сопствен бизнис и микро-компании преку заеми во висина до 25.000 евра. Освен тоа, Европската комисија за првпат ги помага општествените проекти преку инвестиции во висина до 500.000 евра.

Микро-финансирањето и поддршката на општественото претприемништво во моментот се имплементира преку гаранција на ЕаСи, која им овозможува на финансиските посредници да им понудат на микро-претприемачите и на социјалните проекти финансиска поддршка, до која инаку не би имале пристап со оглед на процените за ризик.

Комерцијален текст

Анкета

Анкета
Каде ќе одите/бевте на одмор ова лето?
  • 25%
  • 6%
  • 6%
  • 7%
  • 3%
  • 3%
  • 12%
  • 12%
  • 26%
Се испраќа...

(Вкупно: 9491 гласа)

Цитат

Не патуваме за да избегаме од животот, туку за животот да не ни избега нам.

Анонимен

Виц

Мажите со брада во 1819 година:

- Ќе ја убијам оваа мечка со голи раце!!!

Мажите со брада во 2019 година:

- Органски ли е овој крем за раце?