Чиста радост и љубов: Емотивна средба на пар со Даунов синдром на аеродром
Почетна » Новости » Занимливости » Чиста радост и љубов: Емотивна средба на пар со Даунов синдром на аеродром

Чиста радост и љубов: Емотивна средба на пар со Даунов синдром на аеродром

Реакцијата на пар со Даунов синдром кога неочекувано ќе се обедини на аеродром ќе ви покаже како изгледа чистата љубов.

Ник и Габи живеат во различни држави во САД, но се запознале и заљубиле на конференција во Детроит. Откако завршила конференцијата, Ник премногу ѝ недостигал на Габи, па нивните мајки тајно им организирале средба.

Видеата од нивните реакции кога ќе се видат се доказ за тоа колку искрено љубат лицата со Даунов синдром:

Видео од перспектива на Ник

Видео од перспектива на Габи

Еве ја нивната приказна во целост, раскажана од мајката на Ник, Лиза:

Пар со Даунов синдром

Ник и Габи имаат Даунов синдром. Ник е изведувач, а Габи претприемач со своја кафетерија.

Тие се сретнаа во Детроит во април 2019 година на национална конференција посветена на лицата со Даунов синдром. Конференцијата заврши со танц под раководство на организаторите и тие двајцата беа неразделни. Во „хаосот“ во кој сите родители и негуватели ги проверуваа децата за коишто беа одговорни и се грижеа за нивната безбедност додека се враќаа онаму каде што припаѓаа, Ник не успеа да побара информации за контакт од Габи. (Приказна за Пепелашка во вистинскиот живот.).

Таа живее во Северна Каролина, а тој живее во Охајо. Па, како добар млад милениумец, тој пребара на социјалните мрежи и ја пронајде.

Започнаа романса на далечина преку пораки, телефонски повици и FaceTime. Со нетрпение ја очекуваа следната конференција во јуни, која се одржа во Питсбург и на која учествуваа и двајцата. Секоја секунда од тие три дена ја поминаа заедно, но потоа повторно, откако заврши конференцијата, немаше повеќе конференции кои би ги споиле.

Неколку недели откако се вратија дома, Габи започна да плаче, кажувајќи ѝ на мајка си колку многу ѝ недостига Ник. Мери, мајката на Габи, ми се обрати и знаевме дека треба да направиме нешто за да ги обединиме.

Мери купи авионски билети за да нè посетат со Габи во Кантон. Одлучивме да се обидеме да ги изненадиме. Мери ѝ рече на Габи дека ќе одат на конференција, а јас му реков на Ник дека на пријател му треба превоз од аеродром.

Навистина е извонредно што нивната врска цутеше иако ниту Ник, ниту Габи не биле во врска претходно. Ниту пак некој од нив имал интерес да биде во врска со некој со Даунов синдром. Но, тоа навистина беше љубов на прв поглед!

Луѓето со Даунов синдром немаат време за „загревање“ кога е љубовта во прашање... тие ја зграпчуваат можноста и сакаат со целото срце. Никогаш во неговите 30 години не сум го видела Ник толку многу среќен. Уверени сме дека ќе слушнеме свадбени ѕвона во блиска иднина. Бог нека ги благослови овие двајца.

Лиза објави и фотографии кои прикажуваат како им помина денот на Ник и Габи.

Пар со Даунов синдром Пар со Даунов синдром Пар со Даунов синдром Пар со Даунов синдром Пар со Даунов синдром Пар со Даунов синдром Пар со Даунов синдром Пар со Даунов синдром

Анкета

Анкета
Каде ќе одите/бевте на одмор ова лето?
  • 25%
  • 6%
  • 6%
  • 7%
  • 3%
  • 3%
  • 12%
  • 12%
  • 26%
Се испраќа...

(Вкупно: 9959 гласа)

Цитат

Не патуваме за да избегаме од животот, туку за животот да не ни избега нам.

Анонимен

Виц

Мажите со брада во 1819 година:

- Ќе ја убијам оваа мечка со голи раце!!!

Мажите со брада во 2019 година:

- Органски ли е овој крем за раце?