• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Занимливости

„Хакер“ со Steffonator во „Синеплекс“ од 1 октомври

28 септември 2020, 11:46
  • cподели

Бидете дел од филмската магија на данскиот филм „Хакер“, синхронизиран на македонски јазик со гласот на популарниот јутјубер Steffonator. Премиерно ќе биде прикажан на 29 септември во рамките на фестивалот „Џифони Македонија“ со проекција во Кинотека на Северна Македонија и онлајн на платформата на фестивалот youth.mk. Steffonator во живо ќе присуствува на премиерната проекција во Кинотека.

Потоа продолжува со проекции во киното „Синеплекс“ од 1 октомври со присуство на Steffonator на првата проекција во Синеплекс. Истовремено од 1ви октомври почнува да се прикажува и онлајн на он деманд платформата Cinesquare.net по цена од само 62 денари.

Следуаат проекции во Кинотека на Северна Македонија на 5 и 6 октомври и во другите кина и градови низ земјата.

Хакер филм

Семејната акција е наменета за најмладите гледачи над 8-годишна возраст и ја приредува продукциската и дистрибутерска куќа „Катавеј“ од Скопје, која во последните три години успешно ги прикажа детските филмови „Кариран нинџа“, Неверојатната приказна за џиновската круша“ и „Малиот гангстер“.

Филмот во режија на Пол Берг беше најдобар филм на Stockholm Film Festival Junior минатата година. Филмот се врти околу 13-годишниот врвен хакер Бенџамин, кој истовремено е и недоверлив тинејџер. Татко му никогаш не го познавал, а откако мајка му ненадејно исчезнува пред седум години тој живее во дом за сираци. Еден ден на посета доаѓаат двајца мажи од Тајната разузнавачка служба на Данска кои го известуваат дека една жена за која веруваат дека е мајка му на Бенџамин била регистрирана од надзорните камери на аеродромот неколку дена порано. На почетокот, Бенџамин е шокиран од веста. Сепак, тој наскоро се решава да ја испита работата и да дојде до дното на она што навистина и се случило.

Проекциите во МК се во рамки на проектот KidSquare - детско катче 2 на дистрибутерската куќа „Катавеј“, а поддржан од Министерството за култура.

Tags
Хакер

Најнови

  • Симона Поповска

    „Важно е децата да растат гледајќи дека нивната мајка ги следи своите соништа“: Симона Поповска за музиката, медицината и семејството

    Sun, 04/05/2026 - 17:10
  • EDS

    До 40% пониски сметки и вреден подарок: ЕДС со понуда што носи реална заштеда за бизнисите

    Sat, 04/04/2026 - 16:52
  • Мал херој, голема победа: 8-годишно момче го победи ракот и со танц прослави пред да заѕвони на победничкото ѕвонче

    Fri, 04/03/2026 - 21:00
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.