ФОТО: Мајка секој ден црта по еден момент од животот на своите деца
Почетна » Новости » Занимливости » ФОТО: Мајка секој ден црта по еден момент од животот на своите деца

ФОТО: Мајка секој ден црта по еден момент од животот на своите деца

Една мајка на интересен начин успева да ги зачува засекогаш малите моменти од животот на своите деца за да не избледнеат со текот на времето.

Енџи Стивенс секој ден црта по еден специјален настан од животот на своите три деца и ги објавува на својот блог Doodlemum. Талентираната мајка започнала да црта по раѓањето на синот Граф кој сега има две години. Нејзината колекција брои околу 700 цртежи на кои се прикажани Граф и неговите сестри Мили и Иви.

Цртежите на Енџи Стивенс
Цртежите на Енџи Стивенс Цртежите на Енџи Стивенс

Секоја вечер, откако нејзините деца ќе потонат во светот на соништата, 38-годишната мајка издвојува по 20-тина минути за да направи нов цртеж. Најголем дел од цртежите се со хумористична содржина, но таа има нацртано и моменти кои секој родител би сакал да ги заборави, како караници, плачки, боледувања и сл.

„Тоа е прекрасен спомен за децата и многу подобар од фотографии, затоа што цртежите ги доловуваат и моите емоции. Тоа ми стана како опсесија и сега цртам по еден цртеж секој ден откако децата ќе одат на спиење“ – изјавила Енџи.

Цртежите на Енџи Стивенс
Цртежите на Енџи Стивенс Цртежите на Енџи Стивенс

По раѓањето на Граф, Енџи страдала од постпородилна депресија, па цртежите ѝ помогнале да помине низ тешките моменти.

„Многу е смешно кога се навраќам на старите цртежи. Тие враќаат многу спомени и емоции. Кога ги гледаш, си ги припомнуваш малите моменти за кои имаш заборавено и тоа на многу посилен начин отколку преку фотографиите. Јас имам многу малку спомени од мене и од мајка ми од времето кога бев дете, па сакав да го направам ова за моите деца. Тие ќе имаат спомен од сите тие моменти и ќе знаат што точно сум мислела и чувствувала тогаш“ – објаснила таа.

Цртежите на Енџи Стивенс
Цртежите на Енџи Стивенс Цртежите на Енџи Стивенс
Цртежите на Енџи Стивенс
Цртежите на Енџи Стивенс Цртежите на Енџи Стивенс
Цртежите на Енџи Стивенс
Цртежите на Енџи Стивенс Цртежите на Енџи Стивенс
Цртежите на Енџи Стивенс
Цртежите на Енџи Стивенс Цртежите на Енџи Стивенс
Енџи со трите свои децаЕнџи со трите свои деца

Анкета

Анкета
Каде планирате да одите на одмор летово?
  • 41%
  • 14%
  • 25%
  • 20%
Се испраќа...

(Вкупно: 8610 гласа)

Цитат

Некои од најдобрите спомени се создадени во апостолки.

Кели Елмор

Виц

Крем со колкав фактор?

- Со 20.

Доволно ќе ви е?

- Ако згрешам, нека изгорам.