ФОТО: Златни врвки за чевли од 19.000 долари
Почетна » Новости » Занимливости » ФОТО: Златни врвки за чевли од 19.000 долари

ФОТО: Златни врвки за чевли од 19.000 долари

Во светот никогаш нема недостаток од смешни луксузни предмети, а на таа листа сега можат да се додадат и врвките за чевли изработени од 24-каратно злато.

Златните врвки чинат 19 000 долари. Откако клиентот ќе ги нарача, блескавите врвки лично ќе му ги достави обезбедување каде било низ светот и се разбира, ќе му ги врзе на обувките.

Златни врвкиЗлатни врвки

Нивниот креатор Колин Харт изјавил дека веќе продал еден пар на некој што се занимава со рап музика.

За оние со поплиток џеб, компанијата Mr. Kennedy создала сребрени врвки, кои чинат „само“ 3 000 долари.

Сребрени врвкиСребрени врвки

Врвките се изработуваат рачно и во секој пар се вложени 120 часа работа. Вештите работници ги направиле благодарение на специјална античка техника за изработка на накит.

Анкета

Анкета
Каде планирате да одите на одмор летово?
  • 40%
  • 14%
  • 25%
  • 21%
Се испраќа...

(Вкупно: 9592 гласа)

Цитат

Некои од најдобрите спомени се создадени во апостолки.

Кели Елмор

Виц

Крем со колкав фактор?

- Со 20.

Доволно ќе ви е?

- Ако згрешам, нека изгорам.