Формула за идеалната возраст за предлог за брак
Почетна » Новости » Занимливости » Формула за идеалната возраст за предлог за брак

Формула за идеалната возраст за предлог за брак

Празникот на вљубените Св. Валентин е ден кога многу жени низ светот добиваат предлог за брак. Со цел да им помогнат на младите парови, австралиски статистичари создале формула со која се пресметува најдобрата возраст за предлагање на брак.

Формула за љубовАвстралиски статистичари создале формула со која се пресметува најдобрата возраст за предлагање на брак

„Применувањето на математиката во работите поврзани со срцето секогаш е опасно. Во животот, кога се соочувате со емоции, треба да мислите многу повеќе. Но, ако сакате да го пронајдете идеалниот момент за започнување на сериозна врска, оваа формула може да ви ја даде математичката основа за тоа“ – изјавил професорот Тони Дули за Sydney Daily Telegraph.

Иако не може да се каже дека формулата функционира за сите, статистичарите кои ја создале тврдат дека шансите за успех се 37%.

Формула за свршувачка

За да ја пресметате идеалната возраст за свршувачка, следете ги следните чекори:

  1. Изберете која е возраста до која што најдоцна би сакале да добиете предлог за брак (пример 35 години).
  2. Решете која е најраната возраст на која што би сакале да ви биде понуден брак (пример 23).
  3. Одземете ги погорните вредности – помалата од поголемата (35-23 = 12).
  4. Резултатот помножете го со 0,368. Според вредностите од примерот ќе добиете 12*0,368 = 4,4.
  5. Додајте ја оваа вредност кон минималната возраст на која што би сакале да добиете предлог за брак, т.е. 23+4,4 = 27 години.

Анкета

Анкета
Дали редовно си правите самопреглед на дојките?
  • 27%
  • 73%
Се испраќа...

(Вкупно: 884 гласа)

Цитат

Не патуваме за да избегаме од животот, туку за животот да не ни избега нам.

Анонимен

Виц

Мажите со брада во 1819 година:

- Ќе ја убијам оваа мечка со голи раце!!!

Мажите со брада во 2019 година:

- Органски ли е овој крем за раце?