Фетус во коктел чаша – реклама против пиењето на трудниците
Почетна » Новости » Занимливости » Фетус во коктел чаша – реклама против пиењето на трудниците

Фетус во коктел чаша – реклама против пиењето на трудниците

Италија започнува шокантна рекламна кампања која има за цел да ги предупреди бремените жени за штетата што им ја причинуваат на своите неродени бебиња секогаш кога ќе посегнат по чаша алкохол.

Новата кампања покажува фетус на дното на чаша алкохол, под коцки мраз и парче портокал. Пораката на рекламата е „Кога мајката пие и бебето пие“ (на италијански: „Mama beve, bimbo beve“).

Фетус во коктел чашаПостер за новата кампања против пиењето алкохол на бремените жени.

Кампањата започнала во североисточната италијанска област Венето. На рекламите бил прикажан пијалок којшто е препознатлив за тој регион – микс од бело вино, Кампари и газирана вода.

Постерите ќе се појават на автобуси, билборди и во женските WC-а во баровите, рестораните и ноќните клубови.

Оваа кампања е одговор на шокантните податоци на Италијанскиот институт за здравје дека 65% од жените во Италија консумираат алкохол во текот на нивната бременост. Во Европа едно на сто бебиња е изложено на ризик од појава на здравствени проблеми како резултат на пиењето на алкохол од неговата мајка.

И Светската здравствена организација препорачува дека бремените жени треба да избегнуваат пиење на алкохол.

Анкета

Анкета
Каде планирате да одите на одмор летово?
  • 40%
  • 14%
  • 25%
  • 21%
Се испраќа...

(Вкупно: 9592 гласа)

Цитат

Некои од најдобрите спомени се создадени во апостолки.

Кели Елмор

Виц

Крем со колкав фактор?

- Со 20.

Доволно ќе ви е?

- Ако згрешам, нека изгорам.