• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Занимливости

„Трипати Олимпијка, но овој пат носејќи мал Олимпиец“: Спортистка во 7-миот месец од бременоста настапи во Париз

31 јули 2024, 08:10
  • cподели

Нада Хафез постигна успех со којшто ќе се гордее цел живот. Египетската спортистка во седмиот месец од бременоста се натпреваруваше во мечување на овогодишната Олимпијада и успеа да извојува победа во првата рунда.

За жал, нејзиното учество на Олимпијадата заврши по поразот од претставничката на Јужна Кореја.

Нада Хафез

Нада ја откри убавата вест дека е во блажена состојба преку објава на социјалните мрежи. Таа сподели две фотографии и во описот напиша:

Олимпијка во седмиот месец од бременоста!

Она што изгледаше како две натпреварувачки на подиумот, всушност беа три. Бевме јас, мојата противничка и моето бебенце кое треба да дојде на овој свет! Моето бебе и јас имавме многу предизвици, физички и емоционални. Ролеркостерот на бременоста е тежок сам по себе, но да треба да се бориш за да одржиш баланс помеѓу животот и спортот беше многу напорно, но сепак вредеше. Го пишувам овој пост за да кажам дека сум многу горда што го обезбедив моето место во осминафиналето.

Среќна сум што ја имав довербата и поддршката од мојот сопруг и семејството за да можам да стигнам дотука.

Оваа Олимпијада беше различна: Трипати Олимпијка, но овој пат носејќи мал Олимпиец!

Нада Хафез Нада Хафез Нада Хафез

Нада се омажи во 2023 година, а набрзо ќе го добие најубавиот подарок на животот.

Хафез се натпреваруваше на Олимпијадата во Токио во 2021 година и во Рио де Жанеиро во 2016 година.

Нада Хафез

Најнови

  • Фросина

    „Фросина, убавина, гулаб бел и светлина...“: Емотивна балада посветена на младата Фросина Кулакова која прерано го загуби животот

    Thu, 01/29/2026 - 13:05
  • Марк Антони го очекува ОСМОТО дете со 30 години помладата сопруга

    Thu, 01/29/2026 - 12:51
  • Марго Роби и Џејкоб Елроди

    Готски гламур: Марго Роби во ефектна креација и дијамантски ѓердан на Елизабет Тејлор на премиерата на „Оркански височини“

    Thu, 01/29/2026 - 12:35
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.