„Тој беше специјален атлет, сопруг, татко и пријател“: Дејвид Бекам со тажна порака за смртта на Коби Брајант
Почетна » Новости » Занимливости » „Тој беше специјален атлет, сопруг, татко и пријател“: Дејвид Бекам со тажна порака за смртта на Коби Брајант

„Тој беше специјален атлет, сопруг, татко и пријател“: Дејвид Бекам со тажна порака за смртта на Коби Брајант

Како огромен професионалец, страстен љубител на кошарката и инспиративна сила, Коби Брајант има допрено до животите на милиони лица, па токму затоа не стивнуваат тажните пораки по неговата смрт.

Многу славни личности споделија пораки за големата легенда, а ним им се приклучи и Дејвид Бекам кој редовно го бодреше Брајант од публиката.

Коби и Дејвид

„Ми требаа неколку часа за да одлучам што да напишам и сепак моите зборови нема да бидат доволно за да опишат како се чувствувам по трагичната загуба на Коби.“

„Тој беше специјален атлет, сопруг, татко и пријател. Тоа што морам да ги напишам овие зборови е многу тешко, но го крши срцето тоа што знам дека изгубивме неверојатно човечко суштество и неговата талентирана ќерка Џиана.“

„Посветеноста која Коби ја покажа кон неговиот спорт беше инспиративна. Да чувствуваш болка и да завршуваш натпревар како што само тој можеше ме инспирираше да се трудам да бидам подобар. Понекогаш одев на натпревари само за да го гледам часовникот да одброи до последните 2 минути, знаејќи дека допрва ќе бидеме сведоци на нешто специјално.“

„Коби секогаш зборуваше за Ванеса и неговите прекрасни девојчиња и колку многу се гордее со нив. На Коби страст му беа семејството и кошарката. Тој беше подготвен да ја инспирира следната генерација момчиња и девојчиња да го прифатат спортот кој тој го сакаше. Неговото наследство ќе продолжи да живее.“

„Со моето семејство испраќаме љубов и молитви за Ванеса и девојчињата и се разбира, за семејствата на оние кои трагично загинаа вчера со него.“

Коби и Дејвид

Коби почина во хеликоптерска несреќа во која го загуби животот и неговата 13-годишна ќерка Џиана.

Коби и Дејвид

Анкета

Анкета
Дали редовно си правите самопреглед на дојките?
  • 73%
  • 27%
Се испраќа...

(Вкупно: 19902 гласа)

Цитат

Не патуваме за да избегаме од животот, туку за животот да не ни избега нам.

Анонимен

Виц

Мажите со брада во 1819 година:

- Ќе ја убијам оваа мечка со голи раце!!!

Мажите со брада во 2019 година:

- Органски ли е овој крем за раце?