„Тинејџерските години ќе те скршат“: Емотивен текст на мајка за предизвиците на родителите на тинејџери
Почетна » Новости » Занимливости » „Тинејџерските години ќе те скршат“: Емотивен текст на мајка за предизвиците на родителите на тинејџери

„Тинејџерските години ќе те скршат“: Емотивен текст на мајка за предизвиците на родителите на тинејџери

Витни Флеминг во емотивен текст ги опишува предизвиците и слатките страни на тинејџерските години.

Ако сте родител на тинејџер, несомнено ќе се пронајдете во нејзините зборови:

Тинејџер

Тинејџерските години ќе те скршат.

Ќе ги тестираат твојата решителност, твоето трпение и твоите родителски одлуки.

Ќе направат да се чувствуваш осамено и отфрлено што си единствениот родител кој вели НЕ.

Ќе направат да се чувствуваш ништожно и безвредно кога твојот тинејџер ќе ти презборува.

Ќе се прашуваш како една личност може да извалка толку многу алишта.

Ќе се чувствуваш скршено и изгубено кога ќе ти се чини дека не можеш да го вратиш твоето дете на правилната патека.

Ќе ја тестираат твојата способност да си ја држиш устата затворена кога треба внимателно да ги избираш твоите битки. Ќе чувствуваш дека главата може да ти експлодира кога ќе влегуваш во собата на твоето дете.

Ќе ја тестираат твојата способност да опростуваш кога твојот тинејџер ќе ја утне работата, а тоа ќе го прави повторно и повторно и повторно...

Ќе се прашуваш каде згреши.

Ќе се чувствуваш беспомошно додека гледаш како твоето дете се соочува со свет кој е многу покомплициран од оној во кој ние растевме пред само две децении.

Ќе ти ги тестираат нервите додека го гледаш како влегува во автомобилот за да оди на патување. Дури и еден љубовен состанок ќе прави да се чувствуваш беспомошно зашто не можеш да го заштитиш.

Ќе се чувствуваш слабо и слабоумно кога нема да можеш да му помогнеш на твоето дете да се ослободи од анксиозноста поврзана со училиштето или врската или со преживувањето во овој суров свет.

Ќе почувствуваш толку голема тежина од вина што ќе те смачкува.

Да, овие тинејџерски години полни со предизвици ќе те скршат.

Ќе се смееш цел ден кога твојата тинејџерка ненадејно ќе те бакне на образот пред да замине на училиште и ќе оставаш сè што правиш кога син ти ќе ти рече да гледате видео на неговиот телефон, а главите ќе ви се допираат додека зјапате во малиот екран.

Срцето ќе ти експлодира од среќа кога ќе слушнеш дека твоето дете ѝ помогнало на личност која не ни ја познава.

Ќе го гледаш светот на поинаков начин поради неговиот нов идеализам.

Ќе чувствуваш бесрамна гордост додека твоето дете ја пронаоѓа својата страст, го завршува своето образование, започнува да ги следи своите соништа.

Ќе започнеш да ја наѕираш личноста во која се претвора и со нетрпение ќе очекуваш да видиш што ќе направи во животот.

Ќе научиш да ги прифаќаш промените, бидејќи враќање назад нема.

Ќе сфатиш дека секоја комуникација е добра комуникација, па затоа ќе научиш да користиш емотикони, Snapchat и Instagram.

Ќе ги купуваш најдобрите грицки за твоето дете да има желба да ги викне пријателите дома и ќе ја трошиш и последната пара на кафе само за да поминеш уште малку време со него.

Ќе се прикрадуваш во неговата соба навечер и твоето дете сè уште ќе биде будно. Но, додека лежи на креветот и прелистува на телефонот или ја завршува домашната задача или слуша музика, накратко повторно ќе го видиш неговото детско лице и срцето ќе ти се скрши на парчиња. А кога ќе те погледне со поспаните очи додека му го бакнуваш челото, па уште ако ти каже нешто како „И јас те сакам тебе“, ќе спиеш преубаво таа вечер.

Да, овие тинејџерски години ќе те скршат на секој можен начин, но ако имаш среќа, ќе израснеш луѓе кои ќе ти помогнат да се споиш повторно.

Анкета

Анкета
Каде планирате да одите на одмор летово?
  • 39%
  • 16%
  • 25%
  • 20%
Се испраќа...

(Вкупно: 3773 гласа)

Цитат

Некои од најдобрите спомени се создадени во апостолки.

Кели Елмор

Виц

Крем со колкав фактор?

- Со 20.

Доволно ќе ви е?

- Ако згрешам, нека изгорам.