Татко со неизлечив рак заврши триатлон за да ѝ биде пример на 7-годишната ќеркичка
Почетна » Новости » Занимливости » Татко со неизлечив рак заврши триатлон за да ѝ биде пример на 7-годишната ќеркичка

Татко со неизлечив рак заврши триатлон за да ѝ биде пример на 7-годишната ќеркичка

Џеј Хјувит се бори со неизлечлив рак, па до последен здив цели да биде вистински пример за својата ќеркичка.

Имено, на Џеј му бил дијагностициран тумор на мозокот пред две години. Во последните моменти од својот живот, тој се обидува да ја научи 7-годишната Хиро на издржливост и истрајност.

Токму поради тоа, Хјувит напорно тренираше и го заврши тријатлонот „Ајронмен“ (Железен човек). И покрај тоа што имаше две операции на мозокот и една година примаше хемотерапии, Џеј помина вкупно 226 километри пливајќи, возејќи велосипед и трчајќи за помалку од 14 часа.

„„Тоа што го туркав моето тело да се трка 226 километри беше екстра тешко поради несаканите ефекти од хемотерапијата. Но, ако беше неизбежно ќерка ми да ме види соборен од рак на мозокот, сакав да ме види како станувам, наоѓам сила и продолжувам.“

Џеј Хјувит

„Кога ја поминав целта за помалку од 14 часа, и кога ја видов неа, сè вредеше. Немав што да докажувам, но требаше да дадам пример. На целта ја погледнав ќерка ми в очи и ѝ реков: ‘Сонувај големи соништа и никогаш не се откажувај од надежта. Најди сила и продолжи’“ – изјавил Џеј.

„Издржливоста не е е нешто што се учи од книга, но може да се научи со блиско набљудување на животот“ – додава тој.

Џеј Хјувит Џеј Хјувит Џеј Хјувит
Џеј Хјувит Џеј Хјувит

Анкета

Анкета
Каде ќе го поминете летниот одмор?
  • 22%
  • 41%
  • 12%
  • 25%
Се испраќа...

(Вкупно: 3518 гласа)

Цитат

Благодарното срце е магнет за чуда.

Виц

Пријателки разговараат за фигурата...

Првата: По 3 месеци тренирање, конечно имам стомачни мускули.

Втората: И јас имам, само што ми се скриени од љубовта кон пицата, виното и чоколадото.