Тажна фотографија, моќна порака: Мајка на бебе болно од рак апелира родителите силно да ги гушкаат децата
Почетна » Новости » Занимливости » Тажна фотографија, моќна порака: Мајка на бебе болно од рак апелира родителите силно да ги гушкаат децата

Тажна фотографија, моќна порака: Мајка на бебе болно од рак апелира родителите силно да ги гушкаат децата

Мајка сподели претажна фотографија на која го гушка своето бебе додека тоа се бори со рак за да пренесе моќна порака до родителите – да уживаат во моментите со децата и силно да ги гушкаат, затоа што постојат родители кои не можат да го направат тоа.

Тараен Гудни ја сподели фотографијата пред 4 дена и таа веднаш стана хит на Facebook, каде има повеќе од 46 илјади споделувања.

Мајка

Додека ти се жалиш дека твоето бебе ти се фрла во креветот, друга мајка посакува нејзиното бебе сè уште да лежи покрај неа.

Додека ти се жалиш дека твоето бебе се буди многу рано наутро, друга мајка го посакува тоа за да има причина да стане од креветот.

Додека ти му го подаваш бебето на секој што има желба да го подржи, друга мајка моли за да го подржи нејзиното.

Моето дете се бори со рак.

Запомни, гушкај го твоето дете екстра силно, бидејќи некои од нас мајките не можат.

Анкета

Анкета
Дали редовно си правите самопреглед на дојките?
  • 26%
  • 74%
Се испраќа...

(Вкупно: 4015 гласа)

Цитат

Не патуваме за да избегаме од животот, туку за животот да не ни избега нам.

Анонимен

Виц

Мажите со брада во 1819 година:

- Ќе ја убијам оваа мечка со голи раце!!!

Мажите со брада во 2019 година:

- Органски ли е овој крем за раце?