„Таа те слуша кога велиш дека си дебела, грда...“: Блогерка со моќен текст потсетува дека ќерките се огледуваат на мајките
Почетна » Новости » Занимливости » „Таа те слуша кога велиш дека си дебела, грда...“: Блогерка со моќен текст потсетува дека ќерките се огледуваат на мајките

„Таа те слуша кога велиш дека си дебела, грда...“: Блогерка со моќен текст потсетува дека ќерките се огледуваат на мајките

Фитнес блогерка сподели моќна фотографија за да ги потсети мајките дека нивните ќерки го слушаат и помнат секој збор и дека се огледуваат на нив.

Сара Мелиса Џонс апелира родителите да го променат начинот на кој зборуваат за себе пред децата и преку пример да ги учат како да се однесуваат кон нивното тело.

Девојче

Запомни што ѝ кажуваш...

Таа слуша.

Таа гледа.

Таа мисли дека си убава.

Престани да ѝ велиш дека си на диета.

Таа те слуша кога велиш дека си дебела, грда или кога нешто не е во ред... како кога плачеш, пцуеш, се качуваш на вагата секој ден или можеби неколкупати на ден и зборуваш лоши работи за себе.

Бидејќи во нејзините очи, таа еден ден ќе се сети... На парфемот кој ти го имаше. На деновите кога одевте на кино. На борбите со снежни топки во зима. На пикниците за време на летниот распуст. На тоа колку убаво ѝ ја плетеше косата.

НЕ на дебелиот стомак, на целулитот, на стриите кои ти ги гледаш или на твоето ужасно чувство по „денот на мамење“ или на денот кога не отиде на фитнес.

Промени ги твоите зборови во „здрава исхрана“ и „јадење храна богата со хранливи состојки“, вежбај за да бидеш „посилна“ и „поздрава“ наместо да си на диета, диета, диета и да го користиш вежбањето за да си го казниш телото.

Бидејќи таа слуша.

Таа гледа.

Таа го прима тоа.

И таа ќе се сети... на сè.

Фотографијата е дело на Мег Герџер.

Сара Мелиса Џонс

Анкета

Анкета
Каде планирате да одите на одмор летово?
  • 40%
  • 14%
  • 25%
  • 21%
Се испраќа...

(Вкупно: 9637 гласа)

Цитат

Некои од најдобрите спомени се создадени во апостолки.

Кели Елмор

Виц

Крем со колкав фактор?

- Со 20.

Доволно ќе ви е?

- Ако згрешам, нека изгорам.