Супер бабичка: 81-годишна жена од Германија е фитнес мотивација
Почетна » Новости » Занимливости » Супер бабичка: 81-годишна жена од Германија е фитнес мотивација

Супер бабичка: 81-годишна жена од Германија е фитнес мотивација

Фит „бабичка“ од Германија докажува дека годините се само бројка и дека ако се сака, сè се може.

Ерика Ришко редовно снима видеа за социјалните мрежи, прераснувајќи во вистинска инспирација. Само на TikTok, неа ја следат речиси 150 илјади лица.

Ерика Ришко

81-годишната жена, која себеси се нарекува „фитнес зависничка“ започнала редовно да вежба во средината на нејзините 50-ти години, кога ќерката ѝ платила членарина во локална фитнес сала. Ришко е мајка на две деца и баба на едно внуче, а тренира повеќе од 20 години по двапати на ден, неколку дена во неделата.

„Бев осамена кога двете мои деца се отселија од куќата. Во првите пет години, не бев толку ‘зависна’. Потоа, полека започнав да вежбам повеќе и дури се приклучив на некои 3 до 4-часовни предизвици на статичен велосипед и на натпревари за веслање“ – рекла таа за моментот кога започнала да тренира.

Ерика Ришко

Таа често прави популарни фитнес предизвици од TikTok. Во некои видеа со танцување ѝ се придружува и сопругот.

„Фидбекот онлајн беше многу позитивен, што ме усреќи, бидејќи цел живот бев многу несамоуверена. Потоа, ќерка ми го откри TikTok, бидејќи некои од танцувачките предизвици се прикажуваа на германска ТВ и апликацијата стана многу популарна во пандемијата“.

„Многу сум почестена и поласкана што младите луѓе се инспирираат од мене. Ги обожавам коментарите како: ‘Вие сте инспиративни, цел за паровите, животна цел... може ли да ми бидете баба и дедо?’. Ако можам да го променам стереотипот дека старите луѓе се здодевни и не се активни, тогаш ќе бидам пресреќна“ – вели Ерика.

@erikarischko

Just another day at the gym next time I do 30 seconds as 15 secs is too short ##plankchallenge2020 ##plankchallenge ##gymvibes

♬ Remember the Name (feat. Styles of Beyond) - Fort Minor
@erikarischko

##duet with @nonabayat trying to keep up ##gymshark ##workout ##excercise ##fullbodyworkout

♬ original sound - Carnelln
@erikarischko

##duet with @thehartesisters got no other weights at home ##corestrength ##abworkout ##gymsharkwomen ##homeworkout ##lockdown

♬ Plastic Hearts - Miley Cyrus
@erikarischko

would not even know how to be in a rush ##dontrush ##dontrushremixchallenge ##dontrushchallenge ##oldpeopledoingtiktoks ##dancingcouple

♬ Don't Rush - Remix - Eduardo Luzquiños

Таа вели дека тајната за успех се крие во разнообразието: „Постојано ги менувам тренинзите за да добијам различен интензитет и/или издржливост. Важно е да ги менуваш тренинзите за да станеш посилен и да не си го губиш времето“.

Ерика вели дека постојано јаде свежа храна, не брои калории и ретко пие алкохол. Таа се откажала од пушењето пред 30 години.

@erikarischko

##duet with @bossbabe_321golift not in sync but too exhausted to give it another try ##core ##deadhang

♬ Tap In - Saweetie
Ерика Ришко

Анкета

Анкета
Кога би можеле да изберете со која вакцина за заштита од КОВИД-19 да се вакцинирате, дали тоа би влијаело на вашата одлука за имунизација?
  • 36%
  • 11%
  • 53%
Се испраќа...

(Вкупно: 6791 гласа)

Цитат

Животот секогаш ти нуди втора шанса. Таа се нарекува УТРЕ.

Дилан Томас

Виц

Женскиот проблем „немам што да облечам“ е во изумирање во време на пандемија.

Сега се појави „имам што да облечам, но нема каде да го носам“.