Специјална врска: Кученце му помогнало на девојче со церебрална парализа да прооди на 4 години
Почетна » Новости » Занимливости » Специјална врска: Кученце му помогнало на девојче со церебрална парализа да прооди на 4 години

Специјална врска: Кученце му помогнало на девојче со церебрална парализа да прооди на 4 години

Специјалната врска на слатката Маја и нејзиното кученце ќе ве освои. 5-годишното девојче, кое страда од церебрална парализа, и кученцето Аби биле неразделни уште од бебенца.

Маја и Аби

До пред неколку месеци, позитивното девојче се движело само со помош на помагало, но на 4-годишна возраст тоа самостојно ги направило првите чекори.

Мајката на Маја тврди дека кученцето ѝ помогнало да прооди, бидејќи ѝ било придружник и чувар и ја мотивирало да биде што поактивна со секој изминат ден. На почетокот Маја се држела за Аби за да се исправи на нозе и така започнала да се охрабрува да зачекори самостојно.

Маја била родена предвремено во есента 2013 година. Таа тежела само 737 грама и првите 87 дена од својот живот ги поминала на интензивна нега. По бројни интервенции, на малото девојче му било дозволено да си оди дома со своето семејство.

Како што минувале месеците, мајката на Маја забележала дека таа не напредувала како нормалните бебенца и имала потешкотии при лазењето и проодувањето. На двегодишна возраст нејзе ѝ била направена снимка со магнетна резонанција и докторите откриле дека станува збор за церебрална парализа.

И покрај тоа што се повредувала многупати кога ќе се обидела да оди самостојно, Маја не се откажала од желбата да прооди. Таа зрачи со позитивна енергија и храбро ги руши сите препреки.

Маја и Аби Маја и Аби Маја и Аби Маја и Аби Маја и Аби

Анкета

Анкета
Каде планирате да одите на одмор летово?
  • 40%
  • 14%
  • 25%
  • 21%
Се испраќа...

(Вкупно: 9592 гласа)

Цитат

Некои од најдобрите спомени се создадени во апостолки.

Кели Елмор

Виц

Крем со колкав фактор?

- Со 20.

Доволно ќе ви е?

- Ако згрешам, нека изгорам.