Со безболен ласер до убаво тело
Почетна » Новости » Занимливости » Со безболен ласер до убаво тело

Со безболен ласер до убаво тело

Ласерот ZeronaЛасерот Zerona

Никој не ги сака масните наслаги на стомакот, бутовите и задникот. Секоја жена посакува да има убаво тело и тајно се надева дека тоа ќе може да биде постигнато без диети и вежбање.

Сега некои среќнички навистина ја имаат таа привилегија, затоа што научниците создале безболен ласер кој што моментално согорува масни наслаги.

Според изјавите на експертите, магичниот ласер продира низ кожата и ги растопува масните клетки. Научниците тврдат дека пациентите можат да ослабат со два конфекциски броја за само две недели, без вежбање или диета.

Ласерот наречен Zerona не е нов; веќе е во употреба и им помага на многу жени низ светот да си ја вратат убавата форма преку 6 третмани од 40 минути, кои коштаат 1000 фунти (над 70000 денари). FDA (Food and Drug Administration) во Америка откри дека просечниот пациент губи вкупно по 9cm од обемот на колковите, стомакот и бутовите.

За жал, овој ласер не може да се употребува за лекување на луѓето со преголема телесна тежина, затоа што ласерот не продира низ подебелите слоеви на масни наслаги.

Овој третман бил користен од многу славни личности пред нивната појава на црвениот тепих, затоа што не е потребно да помине време за закрепнување и нема никакви лузни по телото.

Сето ова звучи премногу добро за да биде вистинито, но очигледно е веќе реалност. На интернет постојат стотици видеа кои ги покажуваат резултатите од користењето на овој ласер.

Анкета

Анкета
Дали редовно си правите самопреглед на дојките?
  • 27%
  • 73%
Се испраќа...

(Вкупно: 883 гласа)

Цитат

Не патуваме за да избегаме од животот, туку за животот да не ни избега нам.

Анонимен

Виц

Мажите со брада во 1819 година:

- Ќе ја убијам оваа мечка со голи раце!!!

Мажите со брада во 2019 година:

- Органски ли е овој крем за раце?