Солзи и насмевки: Елен Деџенерис и Џенифер Анистон претпразнично израдуваа самохран татко и неговите две ќерки
Почетна » Новости » Занимливости » Солзи и насмевки: Елен Деџенерис и Џенифер Анистон претпразнично израдуваа самохран татко и неговите две ќерки

Солзи и насмевки: Елен Деџенерис и Џенифер Анистон претпразнично израдуваа самохран татко и неговите две ќерки

Елен Деџенерис одлучи претпразнично да разубави колку што е можно повеќе животи со помош на своите славни пријатели. Во рамките на „Greatest Night Of Giveaways“, популарната водителка сееше насмевки кај своите фанови.

Заедно со Џенифер Анистон, Елен израдува самохран татко и неговите две ќерки, украсувајќи го тајно нивниот дом и подарувајќи им едномесечно патување низ Европа.

Џеф Кимбел ја изгубил сопругата како последица на рак, кога таа имала само 38 години. Нивните ќерки биле на 5 и 3-годишна возраст. Бидејќи Џеф жртвувал сè за да ги израсне најдобро своите деца, една од ќерките побара помош од Елен сакајќи да направи нешто специјално за него.

„Тој даде сè што имаше за нашето тричлено семејство. Го заслужува ова. Тој е сè што имам. Тој е мојот живот. Тој е со мене и во добро и во лошо. Еднаш, сакам да му подарам нешто него. Сакам да добие нешто што заслужува и не можам да го направам тоа без ваша помош“ – рекла Елис во видеото кое ѝ ги насолзи очите на Џенифер Анистон.

Џенифер Анистон Џенифер Анистон

Бидејќи покојната сопруга на Џеф ги обожавала Божиќ и Париз, Елен одлучи да го искористи тоа за да подготви емотивно и слатко изненадување за семејството.

Во видеото, таа им покажува на Џеф и двете девојки како изгледа нивниот дом во празнична атмосфера која тие тајно им ја создале, а потоа им кажува дека ќе одат на патување во Париз, Италија, Грција, Лондон...

Видео

Се разбира, Џеф и неговите ќерки не можеа да ја скријат среќата, без воопшто да се посомневаат дека Елен им подготвува уште едно изненадување – 150.000 долари.

Видео

Џенифер Анистон

Анкета

Анкета
Дали редовно си правите самопреглед на дојките?
  • 76%
  • 24%
Се испраќа...

(Вкупно: 18477 гласа)

Цитат

Не патуваме за да избегаме од животот, туку за животот да не ни избега нам.

Анонимен

Виц

Мажите со брада во 1819 година:

- Ќе ја убијам оваа мечка со голи раце!!!

Мажите со брада во 2019 година:

- Органски ли е овој крем за раце?