„Совршенство не постои“: Фитнес блогерка го покажува целулитот за да испрати моќна порака до жените
Почетна » Новости » Занимливости » „Совршенство не постои“: Фитнес блогерка го покажува целулитот за да испрати моќна порака до жените

„Совршенство не постои“: Фитнес блогерка го покажува целулитот за да испрати моќна порака до жените

Фитнес блогерка секојдневно им помага на илјадници жени да си ја зголемат самодовербата, споделувајќи необработени фотографии без филтер.

Хејли Медиген работи како личен тренер, но бестрашно го покажува целулитот за да им порача на своите следбеници да не веруваат во сè што гледаат на социјалните мрежи. Таа е категорична дека најголем дел од фотографиите на Instagram се базираат на филтри и на „лукави“ пози кои ги покажуваат луѓето во најдобро светло.

Хејли Медиген

Престанете да се споредувате себеси со фотографии со филтри.

Левата фотографија од мене е со филтер кој ми ја прави кожата мазна и израмнета. Десната фотографија нема филтри и тоа сум само јас. Моето тело, мојата кожа, мојот целулит, моите стрии... Онака какви што сме.

ОК е да додавате филтри или да позирате на одреден начин за да изгледате добро, но морате да запомните дека треба да ја сакате и сликата од себеси која не е филтрирана или на која не позирате.

Обидете се да бидете отворени да се прифатите себеси од секој агол, на секое светло и во секоја поза, тоа може да му помогне на вашиот мајндсет да го прифати вашето тело и ќе ви овозможи да бидете понежни кон себе, нешто што сите мораме повеќе да го правиме!

ПРЕСТАНЕТЕ ДА ТРАГАТЕ ПО СОВРШЕНСТВО, БИДЕЈЌИ СОВРШЕНСТВО НЕ ПОСТОИ!

Ако си создавате притисок постојано да изгледате совршено поради фотографиите кои ги гледате онлајн, а кои се филтрирани и измазнувани за да изгледаат најдобро, вие полека ќе започнете да мислите дека треба да изгледате така 24/7.

Да, добро е да додавате филтер одвреме-навреме, но она што е уште подобро е да го цените вашето тело и вашето лице без филтер.

Ценете го она што вашето тело го прави за вас и ценете колку многу вашето тело прави за да бидете здрави и да напредувате секој ден.

Не се прекорувајте себеси само затоа што не сте какви што ве покажуваат филтрите, не се прекорувајте себеси затоа што кожата не ви е совршена или телото не ви е совршено...

Бидејќи, верувајте ми, не треба да бидете совршени за да бидете сакани, само треба да му ја покажете на вашето тело љубовта која навистина ја заслужува.

Хејли Медиген Хејли Медиген Хејли Медиген Хејли Медиген

30-годишната Англичанка до пред пет години се занимавала со бодибилдинг. Таа започнала да тренира фитнес на 14 години под влијание на нејзиниот татко. Додека се натпреварувала, цели три години, таа страдала од пореметување во исхраната и тренирала двапати на ден. Како резултат на нискиот процент на масти во телото, таа развила аменореа (отсуство на менструација).

„Во тој период немав менструални циклуси поради стресот (физички и ментален) со кој се соочуваше моето тело. За јас да имам плочки на стомакот, моето тело беше во состојба на тотален стрес, што значеше стопирање на мојот циклус. Сакав да си го вратам циклусот, па од проучување на оваа тема, знаев дека морам да си ги зголемам мастите во телото, бидејќи тие се витални за женското здравје“ – вели Хејли.

Хејли Медиген Хејли Медиген Хејли Медиген Хејли Медиген Хејли Медиген Хејли Медиген Хејли Медиген Хејли Медиген Хејли Медиген Хејли Медиген Хејли Медиген

Таа во моментов се фокусира на своето здравје, а не на изгледот и тврди дека никогаш не била посреќна.

„Се здебелив, бидејќи морав да го направам тоа, но сè уште се чувствувам силно, фит и секси, бидејќи сега имам повеќе облини во кои уживам“ – вели таа.

Хејли Медиген Хејли Медиген Хејли Медиген

Хејли споделува дека голем дел од жените ја прашуваат за вежби за елиминирање и намалување на целулитот. Нејзиниот одговор е дека такви вежби не постојат и дека жените не треба да се стремат кон елиминирање на целулитот.

Луѓето честопати ме прашуваат кои вежби помагаат за елиминирање на целулитот. Само за информација, ниту една конкретна вежба не помага за да се ослободите од него. Ако ги намалите мастите во телото, ќе го намалите и целулитот. Но, верувајте ми за ова, не се обидувајте да се ослободите целосно од него и не се надевајте дека можете. Дури и кога бев најфит на сцената, јас имав ЦЕЛУЛИТ. Дури со 10% масти, јас имав целулит. Тоа е затоа што тоа е витално за нашето здравје. За нашите хормони! За нашата способност да создаваме бебиња и да им овозможуваме мајчино млеко. Па, следниот пат кога ќе го гледате вашиот целулит со омраза, запомнете ги причините зошто го имаме. Престанете да се обидувате да се ослободите од него и започнете да го прифаќате. Ќе бидете многу посреќни.

Хејли Медиген Хејли Медиген Хејли Медиген Хејли Медиген

Хејли првпат започнала да споделува фотографии „пред и потоа“ пред две години со цел да започне дискусии на интернет за аменореа и да ги научи жените дека е витално да се има масти на телото.

„Сакам да им помогнам на жените да направат транзиција и да го стават здравјето на прво место пред изгледот. Сакам луѓето да се прифаќаат себеси во сите пози, позиции и агли, да сфатат дека се убави без разлика на сè и да знаат дека нашите тела се неверојатни поради она што секојдневно го прават“.

„Престанете да се критикувате себеси“ – вели таа.

Хејли Медиген

Анкета

Анкета
Сметате ли дека е добра мерката за задолжително носење на заштитна опрема на лицето (маска, шал)?
  • 64%
  • 36%
Се испраќа...

(Вкупно: 6803 гласа)

Цитат

Можеш да ги исечеш сите цвеќиња, но не можеш да ја спречиш пролетта да дојде.

Пабло Неруда

Виц

Се качувам на вага по завршувањето на карантинот.

Вагата покажува: „Ве молам почитувајте социјално дистанцирање. Качувајте се еден по еден!“