Слатка тајна: Пар криел дека очекува близнаци, им ги сними реакциите на блиските кога им ги покажа бебенцата
Почетна » Новости » Занимливости » Слатка тајна: Пар криел дека очекува близнаци, им ги сними реакциите на блиските кога им ги покажа бебенцата

Слатка тајна: Пар криел дека очекува близнаци, им ги сними реакциите на блиските кога им ги покажа бебенцата

Пар цели 9 месеци криел од семејството и пријателите дека очекува близнаци за да им приреди слатко изненадување по нивното раѓање.

Видео

Рут и нејзиниот сопруг Бен се обидувале да имаат дете две години и по 4 неуспешни инсеминации, одлучиле да се обидат да си го остварат сонот со инвитро оплодување. Тие биле отворени и искрени со најблиските за нивната борба со неплодноста.

Сепак, откако откриле дека ќе станат родители, заедно одлучиле да зачуваат за себе неколку „мали“ тајни. Рут и Бен не само што им рекле на сите дека ќе имаат едно дете, наместо две, туку и намерно не им го кажувале полот на бебето.

„Ги изненадивме нашите пријатели и семејството кога видоа дека имаме близнаци! Знаевме дека нашите најмили и пријателите ќе бидат пресреќни кога ќе сфатат дека нашето семејство има ДВА нови члена, па одлучивме да им ги снимиме реакциите. Тие си мислеа дека доаѓаат да видат дали имаме момче или девојче, но беа шокирани кога сфатија дека ги имаме и двете“ – рекла Рут.

Среќните родители им порачуваат на сите кои се соочуваат со неплодност да продолжат да се надеваат и никогаш да не се откажуваат.

„Не можеме да бидеме поблагодарни за Џек и Изи. Еден од осум парови се соочува со неплодност во некаква форма, а болката да не можеш да основаш свое семејство, не може да се опише со зборови. Има многу неверојатни мажи и жени кои се борат за да имаат семејство, а вие може да не знаете за тоа. Мојата порака до нив е да останат силни и да не губат надеж. Ве имаме во нашите мисли и во нашите молитви“ – додала таа.

Анкета

Анкета
Каде планирате да одите на одмор летово?
  • 38%
  • 17%
  • 25%
  • 20%
Се испраќа...

(Вкупно: 3556 гласа)

Цитат

Некои од најдобрите спомени се создадени во апостолки.

Кели Елмор

Виц

Крем со колкав фактор?

- Со 20.

Доволно ќе ви е?

- Ако згрешам, нека изгорам.