Сладок гест на благодарност: Жена направи торта од прегратка на Дедо Мраз и медицинска сестра висока 180 см
Почетна » Новости » Занимливости » Сладок гест на благодарност: Жена направи торта од прегратка на Дедо Мраз и медицинска сестра висока 180 см

Сладок гест на благодарност: Жена направи торта од прегратка на Дедо Мраз и медицинска сестра висока 180 см

За да му се заблагодари на медицинскиот персонал за неуморната работа во изминатите месеци, Роузи Дамер направи торта висока 180 сантиметри.

A hug for Christmas

53-годишната мајка на 4 деца цели две недели работела по 16 часа дневно за да ја создаде тортата во форма на Дедо Мраз и медицинска сестра кои се прегрнуваат. Чоколадното дело подарено на вработените во „Royal Bolton Hospital“ тежи 190 килограми и содржи 360.000 калории.

A hug for Christmas

„Оваа година беше многу чудна и тешка за сите, но медицинските лица се апсолутни херои во сето ова. Мислам дека е важно да се потсетиме себеси на сè што направија и да им се заблагодариме. Тортата ја нарековме ‘Прегратка за Божиќ’ и мислам дека се однесува на сите нас. Мислам дека сите имаме потреба од прегратка. Во саботата ѝ беше роденден на мајка ми и си помислив колку би било убаво да можев да ја гушнам.“

„Мислам дека сите понекогаш се чувствуваме беспомошно, бидејќи не можеме директно да им помогнеме на медицинските сестри и болничкиот персонал. Затоа сакам да им помогнам на единствениот начин на кој умеам – со моето време и со малку глазура“ – рекла Роузи.

A hug for Christmas A hug for Christmas

Тортата „A hug for Christmas“ била направена за емисијата „Amazing Cakes and Bakes“ на барање на Channel 5.

Анкета

Анкета
Кога би можеле да изберете со која вакцина за заштита од КОВИД-19 да се вакцинирате, дали тоа би влијаело на вашата одлука за имунизација?
  • 32%
  • 10%
  • 58%
Се испраќа...

(Вкупно: 1145 гласа)

Цитат

Животот секогаш ти нуди втора шанса. Таа се нарекува УТРЕ.

Дилан Томас

Виц

Женскиот проблем „немам што да облечам“ е во изумирање во време на пандемија.

Сега се појави „имам што да облечам, но нема каде да го носам“.