Се заљубија додека се бореа со ист тип на рак, заедно ја победија болеста и сега се среќен пар
Почетна » Новости » Занимливости » Се заљубија додека се бореа со ист тип на рак, заедно ја победија болеста и сега се среќен пар

Се заљубија додека се бореа со ист тип на рак, заедно ја победија болеста и сега се среќен пар

Некои љубовни приказни започнуваат под лоши околности, но прераснуваат во најубавите романтични стории кои вреди да се раскажуваат насекаде. Една од нив е љубовната приказна на Брајан и Кандела.

Младите партнери од Аргентина се запознале додека се бореле со ист тип на рак - лимфом. Денес, тие се среќен пар кој со многу љубов и верба ја победи тешката болест.

Брајан и Кандела Брајан и Кандела Брајан и Кандела

Имено, Брајан и Кандела за првпат стапиле во контакт преку онлајн група за пациенти, каде биле единствените кои комуницирале еден со друг.

Брајан и Кандела ја споделуваат приказната, бидејќи се надеваат дека „тоа ќе им даде надеж на сите оние кои се борат и се наоѓат во слична ситуација“.

„Сметам дека ми се случи сè што ми се случи за да го запознам него“ – вели Кандела.

Брајан и Кандела Брајан и Кандела

„Кој би рекол дека ќе ја најдам љубовта на мојот живот благодарение на лимфомот? Ние сме совршен доказ дека сè се случува со причина. Во овие две години заедно поминавме низ многу нешта, секогаш држејќи се за рака. Секогаш заедно, во добро и во не толку добро. Ти благодарам што ме направи толку среќен во овие две први поглавја од нашата приказна. Среќна годишнина. Те сакам со целото срце“ – пишува Брајан.

Брајан и Кандела Брајан и Кандела Брајан и Кандела Брајан и Кандела

Анкета

Анкета
Кога би можеле да изберете со која вакцина за заштита од КОВИД-19 да се вакцинирате, дали тоа би влијаело на вашата одлука за имунизација?
  • 32%
  • 10%
  • 58%
Се испраќа...

(Вкупно: 1143 гласа)

Цитат

Животот секогаш ти нуди втора шанса. Таа се нарекува УТРЕ.

Дилан Томас

Виц

Женскиот проблем „немам што да облечам“ е во изумирање во време на пандемија.

Сега се појави „имам што да облечам, но нема каде да го носам“.