Секоја чест: Медицински лица и граѓани ги здружија силите и изработуваат 3Д печатена заштитна опрема за болниците
Почетна » Новости » Занимливости » Секоја чест: Медицински лица и граѓани ги здружија силите и изработуваат 3Д печатена заштитна опрема за болниците

Секоја чест: Медицински лица и граѓани ги здружија силите и изработуваат 3Д печатена заштитна опрема за болниците

Некои луѓе се прекрасни и токму во моменти на очај се светлината на крајот од тунелот.

Таква е групата граѓани од 3D Принт Медицинска Опрема која создава 3Д печатени заштитни маски за доктори и медицински сестри кои секојдневно се изложени на коронавирусот.

Групата беше создадена пред неколку дена по иницијатива на докторот Александар Каревски. Тие веќе располагаат со 50 3Д принтери со кои имаат изработено повеќе од 400 визири, кои веќе се дистрибуираат низ болниците, клиниките и медицинските центри низ земјата. Пред да се дистрибуираат, визирите се дезинфицираат.

3D Принт Медицинска Опрема 3D Принт Медицинска Опрема 3D Принт Медицинска Опрема 3D Принт Медицинска Опрема

„30-тина тивки херои, повеќето од нив немедицинари хумани дечки, деноноќно работат на производство на визириве, со свои принтери и лични материјали започна се по иницијатива на Александар Каревски и Асоцијацијата на специјализанти и млади лекари - АСМЛ. Поддршката е сè поголема, цела фела а и цела држава треба да е благодарна на овие луѓе, кога ќе помине се ќе се пофалиме кои се!“ – напиша доктор Ненад Лазаров од ПЗУ Медика Вера, кој исто така е дел од хуманата група.

„Ретко кога сум бил волку воодушевен и импресиониран од желбата, проактивноста и несебичноста која многу луѓе ми ја покажаа овие денови!
Телефонот не застанува“
– напиша на Facebook Бојан Трајковски од АСМЛ.

3D Принт Медицинска Опрема 3D Принт Медицинска Опрема 3D Принт Медицинска Опрема 3D Принт Медицинска Опрема 3D Принт Медицинска Опрема

Доколку сакате да донирате, можете да го направите тоа на:

Асоцијација на специјализанти и млади лекари на Македонија - АСМЛ Скопје
Сметка: 320100024402679
Централна кооперативна банка
Даночен број: 4032014526408

Анкета

Анкета
Дали си го променивте однесувањето во врска со ракување, миење на рацете, допирање на лицето и одржување на социјална дистанца во услови на коронавирус?
  • 95%
  • 5%
Се испраќа...

(Вкупно: 3588 гласа)

Цитат

Не патуваме за да избегаме од животот, туку за животот да не ни избега нам.

Анонимен

Виц

Мажите со брада во 1819 година:

- Ќе ја убијам оваа мечка со голи раце!!!

Мажите со брада во 2019 година:

- Органски ли е овој крем за раце?