„Сакам да ја слушнете вистината од мене“: Принцот Хари се отвори зошто со Меган Маркл се „откажаа“ од кралското семејство
Почетна » Новости » Занимливости » „Сакам да ја слушнете вистината од мене“: Принцот Хари се отвори зошто со Меган Маркл се „откажаа“ од кралското семејство

„Сакам да ја слушнете вистината од мене“: Принцот Хари се отвори зошто со Меган Маркл се „откажаа“ од кралското семејство

Принцот Хари одржа говор во кој отворено зборуваше за дистанцирањето од кралското семејство со Меган Маркл.

Во емотивниот говор на официјална добротворна вечера во Челзи, 35-годишниот Војвода од Сасекс објасни дека секогаш ќе ѝ служи на Велика Британија, но дека сака да живее посамостоен живот.

Принцот Хари

Морам да кажам дека можам само да замислам што сè слушнавте или можеби прочитавте во последните неколку недели...

Сакам да ја слушнете вистината од мене, онолку колку што можам да споделам, не како принц или војвода, туку како Хари. Истата таа личност која многумина од вас ја гледаа како расте во изминатите 35 години, но сега со многу појасна перспектива.

Велика Британија е мојот дом и место кое го сакам. Тоа никогаш нема да се промени.

Додека растев, ја чувствував поддршката од многумина и ве гледав како ѝ посакавте добредојде на Меган со отворени раце, гледајќи како јас ја пронајдов љубовта и среќата за кои се надевав целиот мој живот. Конечно, вториот син на Дијана се ожени, ура!

Исто така, знам дека вие ме запознавте доволно добро во сите овие години за да имате доверба дека жената која ја избрав за сопруга ги има истите вредности како и јас. И ги има, и таа е истата жена во која се заљубив.

И двајцата правиме сè што можеме за да го вееме знамето и да ги извршуваме нашите улоги за оваа земја со гордост. Кога стапивме во брак со Меган, бевме возбудени, бевме полни со надеж и бевме тука за да служиме. Поради овие причини, многу ми е жал што дојде до ова.

Воопшто не ми беше лесно да ја донесам одлуката да отстапиме со мојата сопруга. Тоа беа месеци поминати во разговори по многу години полни со предизвици. Знам дека не сум секогаш во право, но што се однесува до ова, навистина немаше друга опција.

Она што сакам да го разјаснам е дека ние не отстапуваме и со сигурност не отстапуваме од вас. Се надевавме дека ќе продолжиме да ѝ служиме на Кралицата, на Комонвелтот и на моите воени здруженија без користење на јавни фондови. За жал, тоа е невозможно.

Го прифатив ова, знаејќи дека тоа не ме менува мене како личност, ниту мојата посветеност. Се надевам дека ќе разберете дека го повлекувам моето семејство од сè што некогаш сум знаел за да го одведам чекор понапред кон помирен живот.

Се родив во ваков живот и чест ми е да ѝ служам на мојата татковина и на Кралицата. Кога ја изгубив мајка ми пред 23 години, вие ме зедовте под закрила. Се грижевте за мене долго време, но медиумите се моќна сила и се надевам дека еден ден нашата колективна меѓусебна поддршка ќе биде помоќна, бидејќи ова е многу поголемо од нас.

Ни беше привилегија да ви служиме и ќе продолжиме да живееме за да служиме.

Ни беше привилегија и да се сретнеме со многу од вас и да ја почувствуваме вашата возбуда за нашиот син Арчи, кој за првпат виде снег пред некој ден и мислеше дека е брилијантен!

Секогаш ќе имам највисока почит кон баба ми и ѝ сум неверојатно благодарен нејзе и на остатокот од моето семејство за поддршката која ни ја даваа мене и на Меган во изминатите неколку месеци...

Оваа улога ме научи што е правилно многу повеќе одошто некогаш сум можел да си замислам.

Ви благодарам што ми ја дадовте потребната смелост да го направам овој следен чекор.

Видео

Принцот Хари Принцот Хари

Според говорот, одлуката на Хари најверојатно беше донесена поради невистините пишувани од таблоидите за него, за неговата сакана и за односите со принцот Вилијам. Неретко, тие беа критикувани дека живеат луксузен живот, дека летаат со приватен авион и дека Меган троши многу пари на облека.

Принцот Хари и Меган Маркл

Парот ја објави одлуката да се откаже од улогата во кралското семејство на почетокот од месецот.

Принцот Хари и Меган Маркл

Анкета

Анкета
Дали редовно си правите самопреглед на дојките?
  • 73%
  • 27%
Се испраќа...

(Вкупно: 19954 гласа)

Цитат

Не патуваме за да избегаме од животот, туку за животот да не ни избега нам.

Анонимен

Виц

Мажите со брада во 1819 година:

- Ќе ја убијам оваа мечка со голи раце!!!

Мажите со брада во 2019 година:

- Органски ли е овој крем за раце?