Претседателот Стево Пендаровски и Првата дама Елизабета на проекција на „Медена земја“ покрај Атиџе
Почетна » Новости » Занимливости » Претседателот Стево Пендаровски и Првата дама Елизабета на проекција на „Медена земја“ покрај Атиџе

Претседателот Стево Пендаровски и Првата дама Елизабета на проекција на „Медена земја“ покрај Атиџе

Стево Пендаровски организираше специјално прикажување на македонскиот документарен филм „Медена земја“ во Сули ан во Скопје.

Пендаровски и неговата сопруга Елизабета од првиот ред го проследија филмот, кој е македонски кандидат за Оскар.

56-годишниот Претседател и 47-годишната Прва дама на Северна Македонија седеа покрај Атиџе Муратова, која ја има главната улога во филмот.

Проекција на Медена Земја Проекција на Медена Земја

„Медена земја“ не е филм за мед и не носи слатка порака. Таа е освестувачка и бара да размислиме како се однесуваме кон животната средина, како влијаеме на балансот кој го прави природата и колку на сметка на конзумеристичкото однесување често забораваме дека земјата е нашиот прастар родител, колку ние ќе се грижиме за неа, така таа ќе ни врати назад. Квалитетните уметнички и културни продукти кои доаѓаат од нашата земја придонесуваат за наша промоција и афирмација во светот и затоа треба да бидат поддржани соодветно според надлежностите и можностите на секоја институција. Како претседател се залагам за еднакви можности за сите граѓани и се надевам дека ќе успеам постојано да давам простор и поддршка на креативниот потенцијал кај нас. Во пресрет на македонската премиера организиравме проекција на „Медена земја“ во Сули ан. Се надевам ќе го гледате и ќе си дозволите пораката на овој филм да ве насочи барем кон една промена за поголема грижа за природата“ – стои во пораката на Претседателот Пендаровски.

Проекција на Медена Земја Проекција на Медена Земја Проекција на Медена Земја Проекција на Медена Земја Проекција на Медена Земја Проекција на Медена Земја Проекција на Медена Земја Проекција на Медена Земја

„Медена земја“ раскажува приказна за Атиџе, последната жена-одгледувач на диви пчели во Европа, која живее сама со својата мајка во централна Македонија. Главна идеја на филмот е да се прикаже припадноста на човекот кон природата и нарушување на природната рамнотежа преку судир на два различни начина на искористување на земјините ресурси.

Филмот е во режија на Љубо Стефанов и Тамара Котевска, а продуцент е Атанас Георгиев.

Трејлер за Медена земја

Анкета

Анкета
Каде планирате да одите на одмор летово?
  • 40%
  • 14%
  • 25%
  • 21%
Се испраќа...

(Вкупно: 9592 гласа)

Цитат

Некои од најдобрите спомени се создадени во апостолки.

Кели Елмор

Виц

Крем со колкав фактор?

- Со 20.

Доволно ќе ви е?

- Ако згрешам, нека изгорам.