Претседателката на Хрватска страсна фудбалска навивачка од Брисел, му подари дрес на Трамп и доби честитки од Заев
Почетна » Новости » Занимливости » Претседателката на Хрватска страсна фудбалска навивачка од Брисел, му подари дрес на Трамп и доби честитки од Заев

Претседателката на Хрватска страсна фудбалска навивачка од Брисел, му подари дрес на Трамп и доби честитки од Заев

Претседателката на Хрватска е еден од најжестоките навивачи на хрватската фудбалска репрезентација на Светското првенство. Колинда Грабар-Китаровиќ беше редовен гостин на трибините во Русија и заедно со навивачите ја прославуваше секоја победа.

За жал, не можеше да присуствува на синоќешниот историски натпревар за нејзината татковина поради самитот на НАТО во Брисел.

Сепак, 50-годишната политичарка и оттаму пронајде начин да ги бодри своите миленици.

Колинда Грабар-Китаровиќ Колинда Грабар-Китаровиќ Колинда Грабар-Китаровиќ Колинда Грабар-Китаровиќ Колинда Грабар-Китаровиќ

A post shared by Edi Rama (@ediramaal) on

Врз својот деловен стајлинг, таа додаде шал на „Коцкестите“ и сними видео во кое им порача на репрезентативците да играат неоптеретени со резултатот за својата татковина и за својот народ.

Видео

За време на работната средба, Колинда им подари хрватски дресови на премиерката на Англија Тереза Меј и на претседателот на САД Доналд Трамп, врз кои беа испишани нивните имиња.

Се разбира, Меј не навиваше за Хрватска, туку за својата татковина, која за жал претрпе пораз.

Колинда Грабар-Китаровиќ Колинда Грабар-Китаровиќ Колинда Грабар-Китаровиќ Колинда Грабар-Китаровиќ Колинда Грабар-Китаровиќ Колинда Грабар-Китаровиќ Колинда Грабар-Китаровиќ

Откако стана јасно дека Хрватите се пласираа во големото финале, Грабар-Китаровиќ облече дрес и славеше до доцна во ноќта.

Македонскиот премиер Зоран Заев и министерот за надворешни работи Никола Димитров лично ѝ ја честитаа победата на Колинда.

„Честито Хрватска! Политиката, спортот, регионот и светот се среќаваат вечерва во Брисел“ – напиша Заев на Facebook.

Колинда Грабар-Китаровиќ Колинда Грабар-Китаровиќ Колинда Грабар-Китаровиќ Колинда Грабар-Китаровиќ Колинда Грабар-Китаровиќ

Несомнено е дека Претседателката на Хрватска ќе навива во ложата на стадионот „Лужники“ в недела, кога на теренот силите ќе си ги одмеруваат нејзината Хрватска и Франција.

Колинда Грабар-Китаровиќ Колинда Грабар-Китаровиќ Колинда Грабар-Китаровиќ Колинда Грабар-Китаровиќ Колинда Грабар-Китаровиќ Колинда Грабар-Китаровиќ Колинда Грабар-Китаровиќ Колинда Грабар-Китаровиќ

Видеа

Анкета

Анкета
Каде ќе одите/бевте на одмор ова лето?
  • 25%
  • 6%
  • 5%
  • 6%
  • 3%
  • 3%
  • 11%
  • 12%
  • 27%
Се испраќа...

(Вкупно: 6030 гласа)

Цитат

Не патуваме за да избегаме од животот, туку за животот да не ни избега нам.

Анонимен

Виц

Мажите со брада во 1819 година:

- Ќе ја убијам оваа мечка со голи раце!!!

Мажите со брада во 2019 година:

- Органски ли е овој крем за раце?