„Престанете да се споредувате“: Блогерка ги покажува лукавите пози зад „совршените“ Instagram фотографии
Почетна » Новости » Занимливости » „Престанете да се споредувате“: Блогерка ги покажува лукавите пози зад „совршените“ Instagram фотографии

„Престанете да се споредувате“: Блогерка ги покажува лукавите пози зад „совршените“ Instagram фотографии

Фитнес блогерка сними видео во кое покажува како позираат луѓето на Instagram за да го прикажат нивното тело во најдоброто издание.

Целта на Талила Хенкоз е да покаже дека никој не е совршен и дека не треба да се споредуваме со другите. Преку нејзината платформа, оваа фит девојка порачува да го цениме нашето тело онакво какво што е и да го славиме она што тоа може да го направи.

Талила Хенкоз Талила Хенкоз Талила Хенкоз

Како да го промените вашето тело... за 5 секунди.

Престанете да прелистувате.

Дозволете ми да ви покажам што се случува за ТАА Instagram фотографија.

Ова е ваш потсетник за напрегнувањето, стегањето, вртењето, истакнувањето на задникот и прекршувањето на грбот што се случува на Instagram кој вие го прегледувате во моментов.

Мораме да престанеме да се опседнуваме со достигнувањето на тие #bodygoals кои ги гледаме на нашиот Instagram feed, кој е комбинација од правилно позирање, добри агли, одлично осветлување, стегање и голема тензија...

Во ред е да позираш и да го покажеш она што ти го подарила Мама. Но, во оној момент кога ќе започнеш да се критикуваш себеси кога не го стегаш твоето тело и не го задржуваш здивот, тогаш треба да се преиспиташ себеси. А сега, престани да се опседнуваш со изгледот и уживај во вечерта пред тебе.

Видео

Талила често објавува колажи од фотографии на кои покажува колку позата го менува изгледот на телото.

Талила Хенкоз Талила Хенкоз

Стриите и вишокот кожа се убави. Тие се линии на растење и промена. Тие ти покажуваат колку далеку си стигнала. Започни да ги гледаш како линии на сила кои ја претставуваат силата на твоето тело да издржи сè на кое е подложено за да те носи секој ден.

Тие го покажуваат твоето патување на покачување или намалување на тежината, на бременоста, на расењето, на повредите. Твоите линии на прогрес низ животот и постојаното адаптирање и менување. Тие се нормални и различни за секого и те прават она што си.

Стриите, целулитот, пегите, виснатата кожа, витките не те прават ништо помалку... Престани да им дозволуваш на овие нешта да ја контролираат љубовта која ја имаш кон себе. Нашите тела се тука за да нè носат низ животот, овозможувајќи ни да го живееме секој неверојатен ден.

Талила Хенкоз Талила Хенкоз Талила Хенкоз

Анкета

Анкета
Каков е вашиот став за вакцина против КОВИД-19?
  • 16%
  • 20%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 10478 гласа)

Цитат

Некои од најдобрите спомени се создадени во апостолки.

Кели Елмор

Виц

Крем со колкав фактор?

- Со 20.

Доволно ќе ви е?

- Ако згрешам, нека изгорам.