Преку театарски игри до социјална инклузија: Лакталис Македонија даде поддршка на фестивалот „Игри под маски“
Почетна » Новости » Занимливости » Преку театарски игри до социјална инклузија: Лакталис Македонија даде поддршка на фестивалот „Игри под маски“

Преку театарски игри до социјална инклузија: Лакталис Македонија даде поддршка на фестивалот „Игри под маски“

Сè повеќе и погласно се зборува за инклузивноста – вклучувањето на децата со попречености во вообичаениот тек на секојдневието. За нас, Лакталис Македонија, и нашите брендови Алпско и Президент, децата се приоритет, па сериозно внимаваме на нивните потреби кога развиваме значаен дел од рецептите за нашите продукти, но и кога ги планираме нашите општествено-одговорни активности.

Оваа година, на наше огромно задоволство, се вклучивме во една прекрасна манифестација на вистинска инклузија и спроведување на зборовите во дела – Меѓународниот драмски фестивал „Игри без маски“, од 27 до 29 ноември, во Македонскиот народен театар во Скопје.

Игри без маски

Неколку денови се дружевме со учесниците од повеќе држави чии детски театарски групи го претставија сиот свој талент на сцената. Имавме убава можност и да ги поканиме гостите и посетителите да дегустираат дел од нашите производи на неколку штандови во фоајето на Театарот и другите локации каде се одржуваа забавни настани за учесниците.

Игри без маски

Тоа што бевме дел од „Игри без маски“ и на тој начин дадовме своја поддршка на инклузијата на различностите во нашата земја, за нас беше крајно инспиративно, мотивирачки и ќе ни биде сериозен поттик за следните проекти.

Игри без маски

Комерцијален текст

Анкета

Анкета
Каде планирате да одите на одмор летово?
  • 41%
  • 14%
  • 25%
  • 20%
Се испраќа...

(Вкупно: 8925 гласа)

Цитат

Некои од најдобрите спомени се создадени во апостолки.

Кели Елмор

Виц

Крем со колкав фактор?

- Со 20.

Доволно ќе ви е?

- Ако згрешам, нека изгорам.