Почнуваат традиционалните Алпски игри
Почетна » Новости » Занимливости » Почнуваат традиционалните Алпски игри

Почнуваат традиционалните Алпски игри

Нема сомнеж, играта е природна и неопходна за децата колку што се свежиот воздух и сонцето! Изложувајќи ги децата на креативни искуства со врсниците им подаруваме богато детство и силна подлога за креативно изразување понатаму низ животот. Низ играта децата формираат оригинални идеи, а преку истражување на околината се нурнуваат во фантазијата.

Имајќи ги в предвид сите благодети на природата и играта на отворено, тимот на Алпско млеко и оваа година ги организира Алпските игри во кои децата уживаа и минатата година.

Алпски игри

Во недела, на 11 јуни од 11 часот, во Градски парк кај школка, сите што сакаат квалитетно поминато време со своите најмили, ќе имаат единствена прилика да поминат прекрасно пладне заедно, во игра, дружење, забава, музика и натпревари проследени со супер награди на вторите Алпски игри за деца од 4 до 12 години.

„Сакавме да ги поттикнеме родителите да ги изнесат своите деца надвор од дома и на кратко да заборават на електронските уреди. Да се потсетат на традиционалните детски, аналогни игри, да поминат убаво време со најмилите, со музиката на Петко и неговиот бенд, да се натпреваруваат и да освојуваат супер награди. Затоа ги повикувам сите родители да ни се придружат на Алпските игри и оваа година. Им гарантираме супер забава и супер награди и секако малку повеќе витамин Д од убавото пролетно сонце“ - изјавија од тимот на Алпско млеко.

За најмалите е од суштинско значење да поминуваат време надвор, во хармонија со природата.

Овозможувајќи им на децата да играат надвор, им создаваме прекрасен свет на мисловни игри со фантазијата. Секое дете различно го доживува надворешниот свет и го гради својот уникатен детски свет. Колку таа фантазија ќе стане силна и шаренолика зависи од различните искуства што им ги приредуваме на нашите малечки.

Алпски игри

Децата што почесто играат надвор, постигнуваат повисоки резултати на тестовите за концентрација и самодисциплина, имаат напредни моторички вештини, вклучувајќи координација, рамнотежа и агилност, но тие деца и поретко се разболуваат.

Алпско млеко го поддржува и го охрабрува играњето во природа што нуди различни начини на креативна игра, поттикнува соработка меѓу децата, стимулира социјална интеракција и го елиминира силеџиството, поттикнувајќи позитивни меѓусебни чувства. Природата е и вистински амортизер на влијанието на стресот врз децата, затоа Алпските игри се одлично место да се помине неделното попладне.

Анкета

Анкета
Каде ќе одите/бевте на одмор ова лето?
  • 25%
  • 6%
  • 5%
  • 6%
  • 3%
  • 3%
  • 11%
  • 12%
  • 27%
Се испраќа...

(Вкупно: 6028 гласа)

Цитат

Не патуваме за да избегаме од животот, туку за животот да не ни избега нам.

Анонимен

Виц

Мажите со брада во 1819 година:

- Ќе ја убијам оваа мечка со голи раце!!!

Мажите со брада во 2019 година:

- Органски ли е овој крем за раце?