Планинар од Грција ѝ ја исполни животната желба на неподвижна девојка носејќи ја на грб до врвот на Олимп
Почетна » Новости » Занимливости » Планинар од Грција ѝ ја исполни животната желба на неподвижна девојка носејќи ја на грб до врвот на Олимп

Планинар од Грција ѝ ја исполни животната желба на неподвижна девојка носејќи ја на грб до врвот на Олимп

Некои луѓе заслужуваат само аплаузи. Планинар од Грција ѝ ја исполни животната желба на 22-годишна неподвижна девојка носејќи ја на грб до врвот на Олимп.

Имено, Мариос Џианакоу во својот живот 50 пати се имал искачено на планината Олимп, но 51-виот пат бил најспецијален, бидејќи со тоа ја усреќи Елефтерија Тосиу.

„Нема ништо пореално од сонот“ – напиша тој на фотографијата со Елефтерија, откако го освоија врвот на Планината на Боговите.

Мариос и Елефтерија

Мариос и Елефтерија се запознале во септември преку заеднички пријател. Тогаш, таа ја изразила својата голема желба, која Мариос се потруди да ѝ стане реалност.

Упорниот атлет ја носеше младата студентка во специјален „ранец“, а беше придружуван од 8-члена екипа. Највисокиот врв Митика се наоѓа на 2.918 метри надморска височина.

„За мене, сите меѓународни трки, сите медали и сите постигнувања досега, значат многу малку во споредба со ова“ – изјавил Мариос.

Мариос и Елефтерија Мариос и Елефтерија Мариос и Елефтерија Мариос и Елефтерија

Анкета

Анкета
Каков е вашиот став за вакцина против КОВИД-19?
  • 14%
  • 22%
  • 65%
Се испраќа...

(Вкупно: 4933 гласа)

Цитат

Некои од најдобрите спомени се создадени во апостолки.

Кели Елмор

Виц

Крем со колкав фактор?

- Со 20.

Доволно ќе ви е?

- Ако згрешам, нека изгорам.