• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Занимливости

Писмо на уморна мајка до децата: „Би ве избрала вас и овој живот милиони пати по ред, дури и кога сум уморна и фрустрирана“

11 ноември 2019, 10:56
  • cподели

Растргнати помеѓу бројните грижи и обврски, мајките честопати се чувствуваат нервозно, фрустрирано и раздразливо. Но, тие негативни емоции воопшто не ја намалуваат огромната љубов кон нивните деца.

За да им порача дека ги сака дури и во моментите на нервоза, Џесика Џонсон им напиша писмо на своите четири деца, со кое разнежи илјадници срца низ светот. Многу мајки ќе се пронајдат во нејзините зборови:

Џесика Џонсон

Драги деца,

Ве избирам вас дури и кога...

Дури и кога наутро сум нервозна и посегнувам по моето кафе додека кршам јајца во тавчето. Дури и кога вие не сте благодарни за храната и ја туркате наоколу со виљушката, поставувајќи прашања како: „Ова е СÈ што имаме?“. Дури и тогаш, претпочитам да бидам тука, нервозна и да готвам за вас, наместо на кое било друго место во светот.

Дури и кога се качувате во мојот кревет и раката ми се здрвува зашто не можам да мрднам, а посакувам само УШТЕ ЕДЕН час одмор. Не би го менувала овој живот за живот во кој би била свежа и будна. Ниту во милион години не би го променила ова.

Знаете, во минатото не ни помислував дека ќе ве имам. Се молев за вас, прашувајќи се дали некогаш ќе ве имам. Мечтаев за вас, копнеев и ве посакував со целото мое срце. Не би ги заменила овие моменти на фрустрација, не би ги заменила овие моменти за ништо на целиот свет.

Да, се разлутувам. Да, се фрустрирам.

Понекогаш, си мислам дека ќе полудам, но ја собирам вашата долна облека и вашите мрсни боички по милионити пат, љубови мои.

Тоа е мојата најголема радост дури и кога се чувствувам изморена, наместо благословена.

Додека гледам во вашите слатки, бесценети, лиценца заспани на перницата... Знам дека ова е најубавото патување. Благодарна сум што сум тука во овој момент со вас.

Ќе ве изберам вас и ќе го изберам овој живот милиони пати по ред, дури и кога сум изморена.

Јас сум секогаш и засекогаш ваша.

Ве сака,

Мама

Tags
мајка

Најнови

  • Д-р Драгана Емел Маркоска

    „Најчестиот симптом годинава е висока фебрилност која трае дури и неколку денови“: Д-р Драгана Емел Маркоска за актуелниот бран на грип

    Fri, 01/16/2026 - 17:10
  • Филип Морис

    Филип Морис Интернејшнл по десетти пат прогласен за најдобар работодавач во светски рамки

    Fri, 01/16/2026 - 16:27
  • Denkmit

    Кажете им збогум на прашината и дамките со производите од dm продавниците, по секогаш поволни цени

    Fri, 01/16/2026 - 16:00
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.